Менувањето пелена не ве прави помалку маж - зошто чешките татковци се најдобрите на свет?
Во Чешка не е чудно да видите маж како се грижи за трите деца со насмевка на лицето. Го гледате и сфаќате дека тој човек е среќен човек.
Девојка која живеела во Чешка неколку години откри зошто чешките татковци се најдобрите татковци на свет.
Од сцените што ги гледала секојдневно таа опишува какви се тие:
„Детето вози велосипед во паркот, таткото е неколку чекори зад него, го остава да биде самостојно, но во моментот штом тоа паѓа тој го фаќа и така одново и одново. Нивното присуство е невидливо, но секогаш се тука кога ќе притребаат храна, вода и прва помош, тие носат со нив, додека мајките воопшто не се во близина.
Во Чешка не е чудно да видите маж како се грижи за трите деца со насмевка на лицето. Го гледате и сфаќате дека тој човек е среќен човек.
Татковците одат на пикници често со своите деца. Распостилаат ќебе и во едната рака имаат сендвич за постарото дете, а во друга пелена за помалото. Потоа имаат низа играчки и топки за забава со нивните деца.
Не е чудно да видите и татко како си го испраќа детето во училиште и му посакува убав ден. Потоа му вели колку многу го сака. Чешките татковци не се од бетон, тие отворено покажуваат емоции.
Ќе ги видите и на клиниките како чекаат ред со своето дете, додека мајката на детето разговара на страна со некоја пријателка. Ги галат децата по глава, ги бакнуваат во челото и ги тешат дека сè ќе биде добро.
По чешките улици често ќе видите и татковци со своите деца како го шетаат кучето. И додека кучето се плетка околу количката на детето, таткото му дава на детето храна од тегличка.
Тие не го проверуваат телефонот постојано и не врескаат и гледаат со бес кон своето дете. Колку пати и да треба тие ќе му помогнат да се качи на тобоганот или ќе му сменат пелена.
Во Чешка не важат „правилата“ дека ако не заработите милион не сте маж или дека ако му ја смените пелената на детето не сте маж.
Чешките татковци сакаат на своите деца да им обезбедат среќно детство и мирен живот.“
С. С. | Црнобело