Гола во када го дои 5-годишниот син - мајка од Велика Британија предизвика контроверзии
Луѓето имаат различни ставови околу доењето, а една фотографија предизвика лавина од реакции. Поголемиот дел негативни.
Ејми Хардкасл е 27-годишна мајка од Велика Британија која сè уште го дои 5-годишниот син. Таа е домаќинка и вели дека е нормално е да го доите вашето дете колку што можете подолго.
Ејми објави фотографија на која во када гола го дои синот и со неа сака да охрабри што повеќе мајки во светот да го направат истото. Вели дека тоа ја зајакнува поврзаноста помеѓу мајката и детето.
Сега го дои само неколку пати во седмицата и вели дека сè уште не планира да сопре со тоа. Макс има редовни оброци, но доењето му било утеха и му давало чувство на комфор.
Многу мајки ја осудија за овој чекор и велат дека непотребно детето го прави толку зависно од неа. Што мислите вие?
С. С. | Црнобело