Блогерка ја отвори душата - вистината зад моите совршени семејни фотографии
Блогерка која постојано прикачува совршени семејни фотографии, откри дека во реалноста работите и не се така совршени како што изгледа на сликите.
Реви Џејн Шулц од Австралија има импресивна мрежа од дури 175.000 следбеници и постојано прикачува фотографии од нејзиниот идиличен живот со сопругот и двете ќерки.
Но, блогерката откри дека тие совршени мигови траат кратко само додека да се направи фотката, а потоа следи хаос и враќање на типичните мајчински обврски.
Таа откри дека иако на фотките изгледа совршено, на некои од нив само 5 минути претходно го чистела нередот во кујната, спалната и тоалетот, што го направиле нејзините деца и сопругот.
Вели дека нејзиниот реален живот не се споредува само со моментите уловени на камера и открива дека често се чувствува „поразено“ по часови и часови чистење во домот, иако на фотографиите не изгледа така.
Џејн вели дека родителскиот живот е безмилосен и дека од тој т.н. затвор нема карта за излез.
Фановите реагираа позитивно на нејзиниот приказ какво е навистина мајчинството и коментираа дека ова се едни од најискрените објави кои некогаш ги виделе.
Нејзините објави:
С. С. | Црнобело