Oд кого учат повеќе зборови децата - од мајките или татковците?
Можеби мајката и бебето создаваат нераскинлива врска уште пред раѓањето, но кога е во прашање вокабуларот, таткото има клучна улога во тоа.
Бебињата учат да препознаваат звуци и тонови уште додека се во матката, благодарение на тоа што ја слушаат мајката кога зборува и комуницира. Сепак, по раѓањето, таткото има поголемо влијание врз фондот на зборови кои ги учи детето.
Секако, бебето секогаш повеќе го сака гласот на својата мајка, бидејќи го потсетува на безбедност и утеха. Всушност, според истражувањето на државниот Универзитет во Кина, децата го учат изговорот од мајката, но фондот на зборови го стекнуваат од таткото.
Според резултатите од истото истражување, постои силна врска меѓу гените на таткото и лексиката, како и меѓу мајчините гени и фонемските карактеристики на изговорот.
Така, овие сознанија можат да бидат мотив за татковците да бидат што повеќе вклучени во воспитувањето на детето и да поминуваат најмногу време што можат со него.
Е. Д. | Црнобело