Викторија Бекам секој ден ја испраќа Харпер на училиште со моќна реченица
Дизајнерката и некогашната Спајсица е одличен пример за мајка која знае како да ѝ помогнете на вашата ќерка да прерасне во силна жена.
Сопругата на Дејвид Бекам неодамна откри како се труди малечката Харпер, која наскоро ќе наполни 7 години, да израсне во самоуверена, силна и независна жена.
Затоа секое утро ѝ го повторува истиот совет, истата реченица, а таа гласи:
„Ја бакнувам и ѝ кажувам дека треба да ги следи своите соништа и дека за неа е возможно сè што можат и нејзините браќа, ако не и малку повеќе.
Тоа е мојата константна порака. Често разговараме за тоа. Сака да биде научник и многу е горда на тоа.
Таа е силна, паметна мала жена.“
М. Д. | Црнобело