Како се дои бебето што го родила сурогат мајка?

Само затоа што не ги донеле на свет нивните деца, не значи и дека мајките не може да уживаат во благодетите на доењето. Со својата неодамнешна објава, Ким Кардашијан го поттикна токму ова прашање – можно ли е една жена да си го дои бебето, доколку таа самата не го родила?

kako-se-doi-bebeto-shto-go-rodila-surogat-majka-1.png

Ким Кардашијан и Канје Вест не се првите познати личности кои „изнајмија“ сурогат мајка да им го носи нивното бебе. Сара Џесика Паркер, Тајра Бенкс и Никол Кидман се дел од славните родители што тоа го направија пред неа.

Меѓутоа, старлетата е првата дама која јавно наговести дека можеби ќе го дои своето новородено дете. Таквата вест многумина ги остави збунети.

Ако Ким не била бремена, односно не го носела во утробата, ниту пак го родила бебето, како тогаш планира да ја дои нејзината ќерка?!

kako-se-doi-bebeto-shto-go-rodila-surogat-majka-2.jpg

Имено, Ким објави видео, каде меѓу другото, ја покажа перницата за доење и електронскиот уред кој може да се користи како евиденција за доењето.

Иако не се знае дали таа ги прикажа помагалата бидејќи самата ќе ги употребува, или, пак, ќе ги ѝ ги отстапи на сурогат мајката, видеото поттикна расправа околу тоа дали воопшто e можно да се дои дете кое го родила друга жена.

Краткиот одговор е да – со трпение и разумни очекувања, доењето на бебето што го родила сурогат мајка е можно, а предностите се и повеќе од поволни. Особено поради зближувањето со ткн. кенгур нега, поточно контактот на кожа со кожа.

Но, исто така треба и да се разјасни дека таквото доење не е ни малку лесно и едноставно.

„Дури и за мајката чие тело е веќе подготвено, доењето претставува предизвик и честопати бара многу работа и труд.“, вели д-р Анат Брауер, гинеколог и експерт за плодност.

Воедно, истото се однесува и на голем број жени кои посвоиле дете.

kako-se-doi-bebeto-shto-go-rodila-surogat-majka-3.jpg

Тазе мајките кои не го носеле своето бебе во утробата, нужно е да пројдат низ процесот на индуцирано доење со помош на хормонска терапија

Станува збор за вештачки предизвикана лактација, односно производство на млеко од дојките, а стимулирана е со интеракцијата на неколку хормони. За таа намена, неопходно е орално земање на естроген и прогестерон, плус домперидон, како би се зголемила концентрацијата на пролактин.

Со други зборови, целта е телото на мајката да „верува“ дека таа е бремена, преку имитација на природниот биолошки процес, што и се постигнува со хормоните.

„Многу мајки кои се во процес на индуцирано доење, неретко не можат да произведат доволна количина на млеко за да ги задоволат сите потреби на новороденото бебе, но ги задоволуваат основните потреби.“, објаснува д-р Брауер. 

kako-se-doi-bebeto-shto-go-rodila-surogat-majka-4.jpg

Оттука, сè додека ефектот од бременоста се реплицира успешно, можно е индуцирано доење кај жените кои не биле трудни. Сепак, докторката додава дека се работи за повеќемесечно земање на хормонска терапија.

„Околу осум седмици пред раѓањето на бебето, мајката престанува да зема хормони. По прекинот со земање на хормони започнува индуциранaта лактација, односно индуцираното доење. Целта на раната лактација е да се создадaт доволни количини на мајчино млеко за бебето кое ќе се роди.“, открива таа.

kako-se-doi-bebeto-shto-go-rodila-surogat-majka-5.jpg

А, ако зближувањето со новороденчето е најсилната причина за индуцирано доење, д-р Брауер посочува дека има и мноштво алтернативни опции за поврзување.

„Постојат многу поинакви начини на кои може да се зацврсти поврзаноста помеѓу мајката и детето, а најчестиот е кенгурирањето, односно контактот кожа на кожа по породувањето.“, нагласува докторката, заклучувајќи дека одлуката за индуцирано доење, или, пак, било која друга метода, на крајот на краиштата – претставува личен избор.

kako-se-doi-bebeto-shto-go-rodila-surogat-majka-6.JPG

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Јас сум разведена мајка на 2 деца - не сакам да ги гледам секој ден и тоа не ме прави лош родител“ „Зошто воопшто си раѓала деца?“ – ја напаѓаат Луси Паркер (35) од Велика Британи...
6 реални приказни од луѓе чии роднини со своето однесување им одат на нерви „Имам 17 години, а сестра ми 28 и мали деца, па кога и да дојдат на гости, остав...
7 работи што ги правам со моето дете, иако сите ме советуваа спротивно Ја земам во раце и ја прегрнувам кога плаче, иако велат дека не треба, бидејќи ќ...
Тешко е да живеете во брак кај што сте повеќе мајка отколку сопруга На жената ѝ треба алфа мажјак. Не ѝ треба маж кого ќе го влече наоколу како дете...
„Им љубоморам на моите деца – имаат поубаво и полесно детство од моето“ „Кога бев дете, секое саботно утро ми беше жртвувано – морав да ја косам тревата...
„Не сакам да имам деца – мојата цел е да спијам, да одам во шопинг и да одам на маникир“ „Дали децата се целта во животот и дали ако имате деца нема воопшто да имате вре...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg