Сликарот Нове Франговски ќе каже: „Ако Охрид е бисер, Галичник е дијамантот на Македонија“. Галичник е несомнено убав во сите годишни времиња. Есента во која уживаме не е никаков исклучок. Се вели дека никој не бил во Галичник само еднаш. Секој што го посетил барем еднаш, ќе го стори тоа повторно...