„Го искусив Мексико и комплетно сум воодушевен - зошто секој треба да го посети?“
КОБА - кога ќе се најдеш пред пирамидата Нохоч Мул, висока 42 метри во Коба, сфаќаш дека стоиш на површината на еден неверојатен важен град за Маите, познат и како „градот на белите патишта“, а во тој момент жедта за нови приказни и легенди уште повеќе расте.
Поради оддалеченоста на локацијата, Коба не е толку популарна кај туристите како што се Чичен Ица и Тулум.
СЕНОТИ – на полуостровот Јукатан има илјадници сеноти – природни длабоки бунари кои се полнат од подземните реки и филтрирање на дождот. Нивното постоење е исто толку карактеристично за регионот, како и посебноста на геолошката карактеристика од која произлегуваат.
Маите на сенотите гледале како свети бунари, а во регионот без реки и езера, како што е Јукатан, сенотите обезбедувале пристап до свежа вода во текот на целата година, па затоа најголемите мајански градови се изградени во близина на сеноти.
Може да ги посетиш сенотите: Ik Kil, Casa Tortuga, Hubiku…
ИСЛА ХОЛБОШ – остров што секој би сакал да го посети. Долг е 40 километри, а широк само 2 километри. Бројот на постојани жители брои околу 2.000.
Нема асфалтирани патишта, нема автомобили, само велосипеди и колички за голф. Нема ниту огромни хотели, ниту банки, а сигналот е скоро никаков.
Холбош е одлична дестинација за улична уметност. Шарени мурали ги покриваат дрвените фасади на продавничките, рестораните и куќите на локалците.
ИСЛА МУХЕРЕС - пристигнување во Исла Мурехес е како патување во светот на соништата или пронаоѓање на втор дом. За многумина е љубов на прв поглед, бидејќи не може да се избегне шармот на Карибите и убавината на островот.
Островот нуди по нешто за сите: има хотелска инфраструктура, различни ресторани, клубови на плажа... Неговата историја започнува уште во времето на Маите, кога Исла Мурехес не била населена, туку таму е наоѓало светилиштето посветено на Икшел, божицата на Месечината, љубовта, и плодноста.
КОЗУМЕЛ – мирен остров, па сè се случува бавно. Ова е совршено место за релаксација и одмор.
Прво нешто што мора да кажам за него е дека има многу бели песочни плажи со палми и тиркизна вода, но од друга страна Козумел е многу повеќе од тоа. Овој остров е дестинација која ќе ве држи зафатени и забавувани со денови.
Мислам дека ова е доволно за сега. За време на моето патување успеав да искусам еден дел од Мексико на вистински начин.
И запомнете, убавината на полуостровот Јукатан не лежи само во историјата на некогашните мајански градови, туку и во енергијата на градовите, островите и морето што ги обзема и ги освојува твоите сетила.
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
Е. Х. | Црнобело