„Го искусив Мексико и комплетно сум воодушевен - зошто секој треба да го посети?“

Мексико - дом на вкусни и лути такоси, на Маите, на препознатливите сомбреро, а секако и на популарната текила... Да не ги заборавиме и Панчо Вила (мексикански револуционер), Салма Хајек (актерка), Гиљермо дел Торо (режисер) и Фрида Кало (мексиканска сликарка). Сигурен сум дека скоро секој од нас има слушнато по некоја приказна или (не)вистина за Мексико. Токму на тие простори е родена една од најстарите цивилизации.

doma na takosi na maite na sombrero tekila zosto sekoj treba da dozivee meksiko 25

Во случај ако некој ден патот те одведе во Мексико подготви се да се соочиш со примамлива комбинација од мезоамериканска култура (регион во кој живееле претколумбовски цивилизации), шпанска традиција и современа уметност.

doma na takosi na maite na sombrero tekila zosto sekoj treba da dozivee meksiko 2

Мексико е огромно, па затоа текстот ќе го посветам на полуостровот Јукатан кој се наоѓа во југоисточниот дел на Мексико и го дели Карипското Море од Мексиканскиот Залив. На овој полуостров се наоѓаат сојузните држави Јукатан, Кампече и Кинтана Ро.

Во ред? Може да почнеме!

Мој совет е, кога ќе се најдеш на овој дел од светот, потруди се предвидените денови да ги искористиш на вистински начин. Плови по Карипското Море на пат до незаменливиот остров, Исла Мухерес или истражувај ги остатоците на мајанските градови Чичен Ица, Тулум и Коба, и уживај во секој миг на прекрасните плажи на Ривиера Маја.

doma na takosi na maite na sombrero tekila zosto sekoj treba da dozivee meksiko 10

Пробај да ја разбереш едноставноста на постоењето на Холбош, остров без асфалтирани патишта и автомобили, но со многу шарени мурали.

Рио Лагартос и Лас Колорадас ќе те спроведат на розово езеро, на место со јато фламингоси и многу крокодили. За целото патување да биде незаборавно, плови по мексиканското Малдиви – езерото Бакалар, кое е препознатливо по седумте бои на сино.

doma na takosi na maite na sombrero tekila zosto sekoj treba da dozivee meksiko 19

Пред да продолжам понатаму ќе споделам и некои корисни информации.

Верувам дека ти е познато, но кога си во Мексико пиј исклучиво флаширана вода, штити се од сонце и во случај на дожд, не се обесхрабрувај затоа што, за релативно кратко време, изгрева сонце и станува уште пожешко. Англиски скоро никој не зборува, па ако шпанскиот не ти оди од рака, пробај да најдеш начин како ќе се разбереш со локалците.

За криминалот во Мексико имаме слушано многу, така што секогаш треба да се биде претпазлив. Додека бев во Мексико, немав некои проблеми, но сè додека се движиш по места предвидени за туристи нема да имаш проблем. Ама секој со своја среќа, нели?! Работите знаат да бидат непредвидливи...

doma na takosi na maite na sombrero tekila zosto sekoj treba da dozivee meksiko 4

Хм, мислам дека треба да посветам цел параграф за „давање бакшиш“. Сериозно, каде и да седнеш подготви се да оставиш бакшиш.

Каква услуга и да користиш од некого биди подготвен да оставиш бакшиш. Тоа нема врска дали си задоволен или не, речиси е неизбежно да се остави бакшиш од 10 до 20%.

Можеби ќе почне тоа да те нервира, ама сети се дека луѓето од угостителството, возачите, водичите... не живеат од плата, туку од бакшиш! 

За време на мојот престој во Мексико јас бев сместен во Плаја дел Кармен, кој се наоѓа во близина на Канкун и островот Козумел. На времето, Плаја дел Кармен било рибарско село, а луѓето доаѓале само за да го фатат траектот до Козумел, меѓутоа со текот на годините, патниците почнале повеќе да се задржуваат во ова крајбрежно гратче кое денес прерасна во позната туристичка дестинација со фантастични плажи.

5 Авенија е збирно место на сите продавници, ресторани, сувенирници и дискотеки. Иако преку ден наликува на мирно гратче, штом ќе се смрачи Плаја дел Кармен блеснува на секој можен начин.

doma na takosi na maite na sombrero tekila zosto sekoj treba da dozivee meksiko 15

На полуостровот Јукатан има многу места за посетување, но овие се најпознатите локациии кои на посетителите знаат да им бидат посебно интересни.

ЧИЧЕН ИЦА – или едно од новите 7 светски чуда. Ова е комплекс на урнатини кои припаѓале на Маите.

Во претколумбовски период, Чичен Ица бил жив град со илјадници жители, а централното место го зазема позната пирамида Ел Кастиљо.

Овој локалитет е дом на голем број архитектонски и природни чуда, вклучувајќи ги и Големиот терен за „мајански фудбал“, Храмот на воините, Светата Сенота... Чичен Ица има неколку зони или комплекси кои одразуваат различни архитектонски стилови на различни периоди.

doma na takosi na maite na sombrero tekila zosto sekoj treba da dozivee meksiko 8

ТУЛУМ – едно од најатрактивните места на Ривиера Маја и една од најпосетуваните дестинации во Мексико. Најчесто го посетуваат луѓе кои бараат опуштена атмосфера и забава.

Покрај своите неверојатни плажи со многу барови во бохо-стил, ноќни клубови, настани со електронска музика, позната скулптура Ven a la Luz, Тулум може да се пофали и со многу сеноти, како и рушевините од периодот на Маите, по што е и препознатлив. Тулум е еден од последните мајански градови. Порано местото било се нарекувало Зама, што во превод значи „изгрејсонце“, а подоцна го добило името Тулум.

doma na takosi na maite na sombrero tekila zosto sekoj treba da dozivee meksiko 6

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Коктел 15 евра, грчка салата 10 евра: Како се движат цените на Tigania, една од најубавите плажи на ... Плажата позната како „грчки Кариби“ е меѓу најскапите на вториот крак, а храна и...
6 блиски бич барови во Грција за еден ден или викенд на море Најубавиот бич бар е во околината на Неа Ираклиа, пракрасен бич бар со палми и б...
Уличната уметност и шармантните мурали низ улиците на Брисел Сакам да ве прашам нешто. Дали сте љубители на улична уметност?  Сакам д...
Плажата која ги победи Малдиви за „најсино море“ се наоѓа во Албанија - на 270km од Скопје Чиста тиркизна вода, волшебен поглед, светол песок... Плажата на огледалата (Pas...
10 причини да го посетите грчкиот остров Крф Богата историја со многу знаменитости, архитектура во венецијански стил која ќе ...
Ова е Македонија: Караџица е како сцена од есенска бајка (фото) Караџица периодов е обоена во најубавите есенски тонови и буквално изгледа како ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg