Напуштени градови ширум светот кои вреди да се посетат барем еднаш

Островот Хашима, Јапонија

Хашима се наоѓа на околу 15 километри од Нагасаки и бил најпознат по рудниците за јаглен.

Во напуштените бетонски згради некогаш живееле околу 5.000 рудари, но кога Јапонија почнала да го користи бензинот како примарно гориво, островот бил напуштен. Ова се случило во средината на 1970-тите.

Денес не можете сами да го посетите островот, но лесно ќе најдете групна тура.

napushteni-gradovi-shirum-svetot-koi-vredi-da-se-posetat-barem-ednash.jpg

napushteni-gradovi-shirum-svetot-koi-vredi-da-gi-vidite-barem-ednash-12.jpg

napushteni-gradovi-shirum-svetot-koi-vredi-da-gi-vidite-barem-ednash-13.jpg

Глениро, Њу Мексико/Тексас

Во минатото, Глениро било најпопуларното место за точење гориво на границата на Њу Мексико и Тексас. Причината за ова бил тогаш новиот автопат - Route 66. Но, кога бил завршен автопатот Interstate 40, кој го одминува градот, Глениро почнал да се претвора во град на духови.

Ова е едно од поинтересните напуштени гратчиња во Америка и е одлична локација за секакви фотосесии.

napushteni-gradovi-shirum-svetot-koi-vredi-da-gi-vidite-barem-ednash-14.jpg

napushteni-gradovi-shirum-svetot-koi-vredi-da-gi-vidite-barem-ednash-15.jpg

napushteni-gradovi-shirum-svetot-koi-vredi-da-gi-vidite-barem-ednash-16.jpg

Орадур сир Глан, Франција

Ова гратче, односно село, ја има најтрагичната приказна на листава.

Селото е сместено во западниот дел на Франција и за време на Втората светска војна, на 10-ти јуни 1944-та, германските војници масакрирале 642 жители, помеѓу кои имало и деца. Селото било уништено, а во непосредна близина било изградено ново. Властите одлучиле да ги зачуваат урнатините од старото село како спомен за ужасната трагедија.

napushteni-gradovi-shirum-svetot-koi-vredi-da-gi-vidite-barem-ednash-17.jpg

napushteni-gradovi-shirum-svetot-koi-vredi-da-gi-vidite-barem-ednash-18.jpg

napushteni-gradovi-shirum-svetot-koi-vredi-da-gi-vidite-barem-ednash-19.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Топ 15 божиќни пазари во Европа за 2024 како од бајка – кога да ги посетите? Божиќниот пазар во Будимпешта е избран за најдобар за 2024 кој ќе вреди да го по...
„Живеев во Дубаи и го мразам – сите, освен богатите мажи, се третирани како предмети“ „Гледав мажи кои шетаат со три по сопруги кои изгледаа мизерно. Ме бомбардираа с...
Уличната уметност и шармантните мурали низ улиците на Брисел Сакам да ве прашам нешто. Дали сте љубители на улична уметност?  Сакам д...
„Песок мек како брашно, тиркизна вода“ – Најубавата плажа во Анталија, според српска патувачка блоге... „За да стигнете до плажата, морате да се спуштите по 200 скали, но вреди“ – вели...
10 причини да го посетите грчкиот остров Крф Богата историја со многу знаменитости, архитектура во венецијански стил која ќе ...
Места во Македонија кои ми недостигаат: Селото во кое израснав, манастирот кој ми носи мир Кога подолго време не живееш во родната земја често ќе се најдеш во ситуацијата ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg