Ремек-дела на природата – дел од најубавите пештери во светот
Antelope Canyon, САД
Ова е можеби најпосетуваната природна знаменитост во САД, а има и зошто. Пештерата е висока околу 40 метри, а поради опасниот пат, овде можете да стигнете само со искусен водич.
Vatnajokull, Исланд
Во текот на зимските месеци, можете да влезете во најголемиот глечер во Европа и да им се восхитувате на замрзнатите пештери. Кога времето се стоплува, тие целосно исчезнуваат, сè до следната зима.
Reed Flute Cave, Кина
Оваа пештера привлекува многу посетители, и поради натписите на ѕидовите кои датираат од 600-900 година, но и поради неверојатното осветлување во внатрешноста. Пред пештерата се наоѓа растение слично на бамбус (reed), кое се користело за правење музички инструменти, па оттаму и нејзиното име.
Algarve Caves, Португалија
Поради ерозијата на варовникот од морската вода, настанала оваа неверојатна пештера во Португалија. До пештерата се стигнува само со брод, а во нејзината околина се развиле и неколку ендемски видови.
Marble Chapel, Чиле
Како што кажува името „мермерна капела“, според пресметките, во оваа пештера има неколку милијарди тони мермер. Ова е една од најважните туристички атракција во Чиле, а поради уникатните бои, таа е една од омилените дестинации на фотографите.
Спирова С. | Црнобело