Не земај ништо од „проколнатиот“ Локрум, ќе те следи несреќа – хрватскиот остров е сепак бајковито место за одмор (фото)
Легендата вели – „Не земај ништо од Локрум. Ниту пердув од паун, ниту лист од ботаничката градина“. Она што ќе го земете од островот, сè уште му припаѓа нему. И ќе ви донесе лоша среќа“.
Ова е советот на многу жители на Дубровник. Иако поттикнат од суеверие, тие се чувствуваат должни да ви кажат, а одлуката дали ќе послушате или не останува на вас.
Локрум е сепак еден од најубавите острови во Јадранското Море. Тој претставува зелена оаза со прекрасна ботаничка градина. Богат е со разновидна флора и фауна, а целиот остров е исполнет со мали заливи како одлични локации за капење.
На Локрум се среќаваат остатоци и од манастирски комплекс, тука е и црквата Навјештења како и тврдината Ројал која служи како одличен видиковец на околината и соседниот Дубровник.
Фотките дефинитивно не успеваат да ја доловат убавината на „проколнатиот“ Локрум, одлично место за одмор:
https://www.instagram.com/p/CEEVulhgDq-/
https://www.instagram.com/p/CETi8TUpaIf/
https://www.instagram.com/p/CEKAIbLHdWR/
https://www.instagram.com/p/CEJk3IlpiGA/
https://www.instagram.com/p/CEFEf8aBBW6/