„Бев на одмор во Дерми, Албанија – зошто топло го препорачувам?“
Навечер по плажите има низа локали во кои можете да испиете пијалак покрај некое од огинчињата, кои постојано ги ложат. Атмосферата е романтична и незаборавна.
Секоја ноќ има и кино на отворено на плажите, каде може да си лежите на кревет како дома.
Има и модерни локали со базени, лајт шоуа и малку повисоки цени и диџеи, но сега нема луди забави како изминатите години затоа што е забрането од властите поради пандемијата.
Задолжително треба да се посети и плажата на ресортот Nazar by Green Coast, која е на 7 километри од Дерми. Огромна е, со најтиркизно море и одлично средени барови.
За авантуристите задолжителна дестинација е плажата Gjipe до која ви се потребни половина час пешачење по карпест пат, задолжително патики, или може да стигнете со бродче до неа. Исто така, има и превоз од локалците со џип. Нема лежалки, треба да си носите чадори. Има пештери и многу кампери.
Во Дерми мора да најдете сместување ниско долу покрај брегот, во спротивно напорно е за симнување и ќе мора да одите на плажа со автомобил.
Но, местото дефинтивно нуди сѐ што ви е потребно за совршен летен одмор. Ќе се чувствувате како да сте на некој грчки остров. Топло го препорачувам.“
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
С. С. | Црнобело