Папрадиште – див, зелен рај за вистински мир во душата (фото)
„Ако ми ја ветите оваа убавина на дланка секој ден, будете ме пред изгрејсонце!“ На падините на планината Јакупица се наоѓа мијачкиот „остров“ во централна Македонија – селото Папрадиште. Името, логично, го добило поради изобилството на папрат во селото и околината.
Папрадиште е лоцирано во т.н. област Азот, на западната страна од велешката околија, сместено на 1000 метри надморска височина, каде што орлите се гнездат под врвот Солунска Глава.
Само за неколку денови ќе ја надополните енергијата која ја губите секојдневно во градскиот метеж и бетонската џунгла.
Очите ќе ви се одморат од зеленило, вистински див рај, ќе се надишете чист воздух, ќе посакате да останете многу подолго од планираното.
Време е за уште една прошетка низ нашата најубава Македонија, овојпат низ Папрадиште:
https://www.instagram.com/p/B_4NF53Hm4H/