Миравци – скриен македонски бисер со највкусен зеленчук и најкрцкави кикиритки (фото)
Продолжуваме со турнејата низ Македонија и предели и краеви кои веројатно не сте ги посетиле досега, а ова лето претставува прекрасна можност за тоа.
Нашата земја несомнено изобилува со раскошни, природни убавини кои треба да ги видите барем еднаш, ако не и неколкупати во животот.
Миравци е рамничарско село сместено во северниот дел на Гевгелиско-валандовската котлина. Лоцирано е од десната страна на реката Вардар, на 110 метри надморска височина и на 24 km оддалеченост од Гевгелија.
За овој предел се вели дека ги има најубавите реки, полиња, највкусниот зеленчук и најкрцкавите кикиритки.
На ридовите над Миравци се наоѓа и излетничкото место „Бел Рај“, дел од источното подножје на планинскиот масив на Кожуф. Во близината на селото Миравци, на патот кон селото Петрово може да видите и вештачко езеро.
Црквата „Св. Константин и Елена“ во Миравци била неколкупати опожарена и разурната по првичната изградба во 1860 година. Сепак, таа е повторно обновена во 1990 година.
Посетете го прекрасното Миравци кое не се опишува со зборови, нема да се покаете:
https://www.instagram.com/p/B1zNDi2AIjv/
https://www.instagram.com/p/BXyH9XBldZP/