Отпад зад Таџ Махал – Популарните туристички атракции фотографирани од друг агол

Римскиот Колосеум

Кога го гледате од друга страна, Колосеумот не изгледа толку магично и совршено. 

Наводно, жителите на Рим си позајмувале материјали од Колосеумот, како железо, за нивните домови, но и разни други градби, заради што изгледа како недовршено, но и земјотресите и пожарите имаат направено значителна штета на Колосеумот.

najpoznatite-turistichki-atrakcii-no-ovojpat-fotografirani-od-druga-strana-06.jpg

Маунт Рашмор

Статуите на Маунт Рашмор се направени од 1927 до 1941, а на нив се наоѓаат лицата на Џорџ Вашингтон, Томас Џеферсон, Теодор Рузвелт и Абрахам Линколн.

Скулптурите биле направени за да се зголеми туризмот во Јужна Дакота, што се покажало како ефикасно.

На фотографијата се гледа задната страна од планината со скулптурите и го прикажува неверојатниот национален парк.

najpoznatite-turistichki-atrakcii-no-ovojpat-fotografirani-od-druga-strana-07.jpg

Статуите на Велигденскиот Остров

Пронајдени се над 900 камени статуи на Велигденскиот Остров во Чиле.

Изградени и поставени помеѓу 1250 и 1500 п. н. е. статуите до денес кријат многу мистерии – никој не знае кој точно ги направил и зошто.

Најпознати се статуите кои се наоѓаат на плажата, а на фотографијата можете да погледнете како изгледаат одзади.

najpoznatite-turistichki-atrakcii-no-ovojpat-fotografirani-od-druga-strana-08.jpg

Венеција

Се разбира, не изгледа лошо, но оваа фотографија дава сосема поразлична перспектива за Венеција.

Градот има неколку знаменитости што се задолжителна дестинација за сите туристи, но и локалните жители мораат да живеат некаде. На фотографијата е прикажан дел од градот во кој живеат жителите.

najpoznatite-turistichki-atrakcii-no-ovojpat-fotografirani-od-druga-strana-09.jpg

Бакингемската палата

Кога ќе ја погледнете отстрана, ќе сфатите дека палатата и не е толку величествена.

Можеби има 775 простории, па дури и своја пошта, но дефинитивно постојат многу поубави градби во Лондон.

Веројатно фактот дека овде живее кралското семејство е она што ја прави палатата привлечна.

najpoznatite-turistichki-atrakcii-no-ovojpat-fotografirani-od-druga-strana-10.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Бев на одмор во Грција во средината на септември - Зошто ми се допадна летувањето на крајот од сезон... Единствената лоша страна на летувањето вон сезона, на крајот на септември, е тоа...
Топ 15 божиќни пазари во Европа за 2024 како од бајка – кога да ги посетите? Божиќниот пазар во Будимпешта е избран за најдобар за 2024 кој ќе вреди да го по...
Коктел 15 евра, грчка салата 10 евра: Како се движат цените на Tigania, една од најубавите плажи на ... Плажата позната како „грчки Кариби“ е меѓу најскапите на вториот крак, а храна и...
Уличната уметност и шармантните мурали низ улиците на Брисел Сакам да ве прашам нешто. Дали сте љубители на улична уметност?  Сакам д...
„Песок мек како брашно, тиркизна вода“ – Најубавата плажа во Анталија, според српска патувачка блоге... „За да стигнете до плажата, морате да се спуштите по 200 скали, но вреди“ – вели...
„Бев во два живописни града во Романија, патував 8 часа со автобус од Скопје – цените беа исти како ... „Прошетките по живописните улички на Темишвар и Сибиу, скромната невеста што поз...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg