Отпад зад Таџ Махал – Популарните туристички атракции фотографирани од друг агол

Можеби веќе ви здодеа да гледате фотографии од Таџ Махал, пирамидите во Гиза и римскиот Колосеум, особено кога не сте во можност да ги видите во живо.

najpoznatite-turistichki-atrakcii-no-ovojpat-fotografirani-od-druga-strana-01.jpg

Но, сте виделе ли како изгледаат отстрана?

Ретко кој ќе се сети да фотографира некоја знаменитост од задната страна, најмногу бидејќи таа ја крие грдата реалност.

Всушност, ќе се разочарате кога ќе видите колку ѓубре има во близина на Таџ Махал и колку е негламурозен холивудскиот знак кога го гледате од друга перспектива.

Па, погледнете ги најпознатите туристички атракции, но овојпат од друга перспектива:

Таџ Махал

Како што напоменавме, Таџ Махал има проблем со многу отпад.

Реката Јамуна, која тече веднаш зад зданието, е премногу загадена. А, отпадот на површината не е единствениот проблем – водата крие толку многу токсични хемикалии, што Јамуна се смета за една од најзагадените реки во Индија.

Истовремено, индустрискиот чад е причина за пожолтување на најголемиот симбол на љубовта.

najpoznatite-turistichki-atrakcii-no-ovojpat-fotografirani-od-druga-strana-02.jpg

Пирамидите во Гиза

Пирамидите во Гиза се наречени и светско чудо од древниот свет. Сите сме виделе безброј фотографии направени одблиску, па ако не сте ги посетиле, ќе се изненадите кога ќе сфатите колку се блиску до градот.

najpoznatite-turistichki-atrakcii-no-ovojpat-fotografirani-od-druga-strana-03.jpg

Петра

И Петра изгледа малку поразлично, ако не и помагично, кога ја гледате отстрана.

Знаевте ли дека градбата има уште еден влез, кој води до просторијата позната како Ad Deir? Кога ќе имате можност да ја посетите, не заборавајте да прашате за тура низ овој влез.

Потсетете се на авантурата на Евгениј Хоуп - Посета на изгубениот град Петра - едно од седумте светски чуда

najpoznatite-turistichki-atrakcii-no-ovojpat-fotografirani-od-druga-strana-04.jpg

Холивудскиот знак

Најпрво холивудскиот знак гласел Hollywoodland, но во 1940-тите последните четири букви биле тргнати.

Областа околу знакот е заштитено земјиште, кое некогаш му припаѓало на Хауард Хју, кој планирал овде да изгради вила.

najpoznatite-turistichki-atrakcii-no-ovojpat-fotografirani-od-druga-strana-05.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Бев на одмор во Грција во средината на септември - Зошто ми се допадна летувањето на крајот од сезон... Единствената лоша страна на летувањето вон сезона, на крајот на септември, е тоа...
Топ 15 божиќни пазари во Европа за 2024 како од бајка – кога да ги посетите? Божиќниот пазар во Будимпешта е избран за најдобар за 2024 кој ќе вреди да го по...
Коктел 15 евра, грчка салата 10 евра: Како се движат цените на Tigania, една од најубавите плажи на ... Плажата позната како „грчки Кариби“ е меѓу најскапите на вториот крак, а храна и...
Уличната уметност и шармантните мурали низ улиците на Брисел Сакам да ве прашам нешто. Дали сте љубители на улична уметност?  Сакам д...
„Песок мек како брашно, тиркизна вода“ – Најубавата плажа во Анталија, според српска патувачка блоге... „За да стигнете до плажата, морате да се спуштите по 200 скали, но вреди“ – вели...
„Бев во два живописни града во Романија, патував 8 часа со автобус од Скопје – цените беа исти како ... „Прошетките по живописните улички на Темишвар и Сибиу, скромната невеста што поз...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg