Рим – град на духови, многумина ги откажаа патувањата, но „вечниот град“ и понатаму е прекрасен (фото)
Италија го живее „најтемниот час“, според изјавата на премиерот Џузепе Конте. Земјата во форма на чизмичка ги затвори границите, а поголем дел од населението е во карантин поради опасноста од корона вирусот.
Речиси сите ги откажаа патувањата во „градот до којшто водат сите патишта“, што во моментов е правилна одлука. Сепак, и покрај тоа што Рим деновиве изгледа како град на духови, не престанува да блеска со сета своја убавина.
Оние малкуте храбри кои решаваат да прошетаат низ неговите улици и знаменитости велат дека чувството е како сè да постои само за вас – и Колосеумот и Фонтана ди Треви и Шпанските скали…
Како изгледа „вечниот град“ кога не е исполнет со џагорот на туристите?
https://www.instagram.com/p/B9ZGdj-BfSF/