Патувања со воз што вреди да ги искусите барем еднаш во животот

Транссибирска железница, Русија

Ова едно од најдолгите патувања со воз и ви овозможува да ја видите целата Русија – од Москва, па сè до Владивосток.

На патувањето од 8 дена ќе имате можност да го видите и Бајкалското Езеро, но и да ја поминете реката Об, преку мост долг 983 метри.

patuvanja-so-voz-shto-vredi-da-gi-iskusite-barem-ednash-vo-zhivotot-12.JPG

patuvanja-so-voz-shto-vredi-da-gi-iskusite-barem-ednash-vo-zhivotot-13.JPG

Железницата Flam, Норвешка

Ова патување е всушност една од најпопуларните атракции во Норвешка.

Возот тргнува од селото Флам, а патувањето завршува во градот Мирдал.

По пат ќе ги видите многуте низини, речни долини и планински врвови и сигурно ќе останете без зборови.

patuvanja-so-voz-shto-vredi-da-gi-iskusite-barem-ednash-vo-zhivotot-14.JPG

patuvanja-so-voz-shto-vredi-da-gi-iskusite-barem-ednash-vo-zhivotot-15.JPG

Железницата Namibia Safari Rovos, Јужна Африка

Патувањето од 3.200 километри ќе ве однесе низ Кимберли, градот во кој некогаш се собирале дијаманти.

Ќе имате можност да ја видите јужноафриканската покраина Западен Кејп, кањонот Fish River и пустините Калахари и Намиб.

Патувањето завршува во градот Свакопмунд во Намибија.

patuvanja-so-voz-shto-vredi-da-gi-iskusite-barem-ednash-vo-zhivotot-16.JPG

patuvanja-so-voz-shto-vredi-da-gi-iskusite-barem-ednash-vo-zhivotot-17.JPG

Belmond Hiram Bingham, Перу

Луксузното патување со овој воз во Перу започнува во главниот град Куско. По пат ќе ја видите Светата долина долж реката Урубамба, но и светиот град на Инките сместен во источните Анди во Пери – Мачу Пикчу.

Ова е патување што не смеете да го испуштите.

patuvanja-so-voz-shto-vredi-da-gi-iskusite-barem-ednash-vo-zhivotot-18.JPG

patuvanja-so-voz-shto-vredi-da-gi-iskusite-barem-ednash-vo-zhivotot-19.JPG

Golden Eagle Danube Express, Средна Европа и Трансилванија

Ова патување е полесно да се реализира и трае 14 дена. Овој период ќе посетите 8 држави, вклучувајќи ги Турција, Чешка, Унгарија, Словачка, Австрија и Полска.

Притоа, ќе имате можност да застанете во некои од најубавите градови во овие држави.

patuvanja-so-voz-shto-vredi-da-gi-iskusite-barem-ednash-vo-zhivotot-20.JPG

patuvanja-so-voz-shto-vredi-da-gi-iskusite-barem-ednash-vo-zhivotot-21.JPG

Железницата Durango & Silverton Narrow Gauge, Колорадо, САД

Ако сте љубител на историјата, ова патување е како создадено за вас.

Возот потекнува уште од далечната 1882-ра, а по пат ќе уживате во погледот на реката Анимас. Се разбира, ќе ја видите и неверојатната природа и кањоните кои се поубави од каде било во светот.

patuvanja-so-voz-shto-vredi-da-gi-iskusite-barem-ednash-vo-zhivotot-22.JPG

patuvanja-so-voz-shto-vredi-da-gi-iskusite-barem-ednash-vo-zhivotot-23.JPG

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Бев на одмор во Грција во средината на септември - Зошто ми се допадна летувањето на крајот од сезон... Единствената лоша страна на летувањето вон сезона, на крајот на септември, е тоа...
Најпознатите (и најзначајните) градби ширум светот Пирамидите во Египет се како симбол на древен Египет кој ја покажува моќта, но и...
Ненеци, народ кој живее „на работ на светот“: Јадат месо од ирваси, преживуваат и на -50°C Секое семејство има по еден ирвас „домашен миленик“. А ирвасите им нудат на Нене...
Уличната уметност и шармантните мурали низ улиците на Брисел Сакам да ве прашам нешто. Дали сте љубители на улична уметност?  Сакам д...
Морничави замоци низ Европа кои се верува дека се „опседнати“ (и можете да ги посетите) Натприродни појави, сенки, морничави гласови – ова се само дел од работите што н...
12 европски дестинации кои може да ги посетите во есен (според искусни патувачи) Ако немате идеја каде да заминете на следно патување, искусните патувачи на Euro...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg