Патувања со воз што вреди да ги искусите барем еднаш во животот

Речиси и да не постои личност која не сака да патува. Додека повеќето одбираат една дестинација на која најчесто пристигаат со авион, неколкудневните,па и еднодневните екскурзии со воз сосема поразлично искуство.

patuvanja-so-voz-shto-treba-da-gi-iskusite-barem-ednash-vo-zhivotot-01.JPG

Со овие патувања не само што ќе посетите неколку дестинации одеднаш, туку и самото возење од едно до друго место ќе ви биде забавно.

Доколку сакате да пробате нешто ново, нема да погрешите со следниве патувања со воз:

Патување со Rocky Mountaineer од Ванкувер до Банф, Канада

Оваа линија ги поврзува канадските градови Ванкувер и Банф.

Возот Rocky Mountaineer е дизајниран на тој начин што им го овозможува на патниците најубавиот поглед.

По пат ќе можете да го видите кањонот Фрејзер, стрмните патчиња кои водат до реката Томпсон и дел од неверојатните снежни врвови на Карпестите Планини.

patuvanja-so-voz-shto-vredi-da-gi-iskusite-barem-ednash-vo-zhivotot-02.JPG

patuvanja-so-voz-shto-vredi-da-gi-iskusite-barem-ednash-vo-zhivotot-03.JPG

Glacier Express, Швајцарија

Ова патување ќе ви овозможи да уживате во швајцарските Алпи од удобноста на вашето седиште.

Возот минува низ бројни тунели и планини, но и многу селца со голема надморска височина. Ова е патување што ќе ги воодушеви сите кои ја обожаваат зимата.

patuvanja-so-voz-shto-vredi-da-gi-iskusite-barem-ednash-vo-zhivotot-04.JPG

patuvanja-so-voz-shto-vredi-da-gi-iskusite-barem-ednash-vo-zhivotot-05.JPG

TranzAlpine, Нов Зеланд

Ова патување се смета за едно од најживописните во светот и е одличен начин да ги погледнете јужните Алпи.

Патувањето трае околу 5 часа во еден правец и по пат ќе ја видите Кантербериската Низина, реката Ваимакарири, националниот парк Arthur’s Pass, па дури и суптропската прашува на западниот брег.

patuvanja-so-voz-shto-vredi-da-gi-iskusite-barem-ednash-vo-zhivotot-06.JPG

patuvanja-so-voz-shto-vredi-da-gi-iskusite-barem-ednash-vo-zhivotot-07.JPG

West Highland Line од Глазгов до Малег, Шкотска

Ако сакате да го видите западниот брег на Шкотска, ова патување со воз ви е најдобриот избор.

Читателите на списанието Wanderlust го прогласиле ова патување со воз како најубавото во светот.

Возот тргнува од Глазгов, а патувањето завршува кај малото рибарско пристаниште Малег.

И овојпат, најубавите пејзажи ќе ги видите во зима.

patuvanja-so-voz-shto-vredi-da-gi-iskusite-barem-ednash-vo-zhivotot-08.JPG

patuvanja-so-voz-shto-vredi-da-gi-iskusite-barem-ednash-vo-zhivotot-09.JPG

The Ghan, Австралија

Ова патување низ Австралија ви овозможува да ги впиете сите чуда што ги крие континентот.

Возот тргнува од северниот дел на континентот и оди сè до јужниот крај. Патувањето трае околу 4 дена и е сè што ви е потребно за да ја искусите Австралија.

patuvanja-so-voz-shto-vredi-da-gi-iskusite-barem-ednash-vo-zhivotot-10.JPG

patuvanja-so-voz-shto-vredi-da-gi-iskusite-barem-ednash-vo-zhivotot-11.JPG

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Бев на одмор во Грција во средината на септември - Зошто ми се допадна летувањето на крајот од сезон... Единствената лоша страна на летувањето вон сезона, на крајот на септември, е тоа...
Најпознатите (и најзначајните) градби ширум светот Пирамидите во Египет се како симбол на древен Египет кој ја покажува моќта, но и...
Ненеци, народ кој живее „на работ на светот“: Јадат месо од ирваси, преживуваат и на -50°C Секое семејство има по еден ирвас „домашен миленик“. А ирвасите им нудат на Нене...
Уличната уметност и шармантните мурали низ улиците на Брисел Сакам да ве прашам нешто. Дали сте љубители на улична уметност?  Сакам д...
Морничави замоци низ Европа кои се верува дека се „опседнати“ (и можете да ги посетите) Натприродни појави, сенки, морничави гласови – ова се само дел од работите што н...
12 европски дестинации кои може да ги посетите во есен (според искусни патувачи) Ако немате идеја каде да заминете на следно патување, искусните патувачи на Euro...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg