Специјалитети што треба да ги пробате додека шетате во земјите низ светот
Знаевте ли дека со возраста, се менува и нашето сетило за вкус?
Имено, јапонските научници докажале дека токму поради промената во сетилото за вкус, се менува и нашата омилена храна. Па така, во детството сладоледот ни е омилен „оброк“, додека многу зеленчуци ни имаат горчлив вкус.
Можеби оваа промена е добра, бидејќи подоцна во животот ќе нè натера да пробаме нови вкусови.
А кога сме кај нови вкусови, добро би било да ги пробате овие јадења од целиот свет, штом ќе ви се укаже можност за тоа:
Шкотски јајца
Овој специјалитет е еден вид ќофте од мелено месо и презла, со мало изненадување во средината – варено јајце.
Каде да го пробате: Според Англичаните, најдобрите шкотски јајца ќе ги најдете во стар паб.
Pastel de nata
Овој десерт е „кошничка“ од лиснато тесто, исполнета со крем од лимон и цимет.
Каде да го пробате: Најдобро е да го пробате овој десерт во Португалија, во некоја пекара во Лисабон.
Ceviche
Ова јадење е направено од сурова риба маринирана во сок од лимон или лимета. Јадењето е зачинето со многу чили, коријандер и кромид.
Каде да го пробате: Најдоброто ceviche ќе го најдете во Перу.
Погачи со школки
Школките се пржат во тесто направено од брашно, млеко, „сок“ од школки и јајца.
Каде да го пробате: Најдобрите погачи со школки ќе ги најдете на улиците во гратчињата на Роуд Ајланд, САД.
Јагула во зелен сос (Paling in ’T Groen)
Супата е направена од јагула и густ зелен сос. Сосот содржи разни зачини, како нане, оригано, босилек, магдонос, ѓумбир, а понекогаш и спанаќ.
Каде да го пробате: Јадењето потекнува од Белгија, па најдобро е да го пробате во некој белгиски рибен ресторан.
Thüringer Rostbratwurst
Рецептот за овие колбаси потекнува од Германија од 15-тиот век. Направени се од мелено свинско, телешко или говедско месо. Колбасите се приготвуваат на скара, со свинска маст, а се служат со мало лепче и сенф.
Каде да го пробате: На пазарот во Ерфурт, Германија ќе ги најдете автентичните колбаси, кои потоа можете да ги приготвите сами.