20 фото причини кои откриваат зошто Вал Торенс е толку популарен ски центар
Многумина го сметаат за еден од најдобрите ски центри во Европа со пристапни цени, а има многу што да понуди за љубителите на зимски спортови.
Вал Торенс се наоѓа на 3.200 метри височина и е дел од ски регионот Les 3 Vallées, кој нуди повеќе од 600 km ски патеки, како и многу други активности за деца и возрасни.
За друштва или семејства – францускиот ски центар има многу што да понуди за љубителите на зимските спортови, но и за оние кои се само „поддршка“ на скијачите и сакаат да уживаат во убавините од бачило.
Вал Торенс се најде и на листата на најдобри ски ресорти во Европа за 2020-та, според European Best Destinations, а покрај убавините во кои може да уживате и зимските активности на кои може да се препуштите, добрите цени на сместувањата и ски-картите се исто така причина заради која сѐ почесто гледате познаници кои го посетиле.
Доколку ви требаат уште причини за да го одберете овој ски ресорт како ваша следна зимска дестинација – фотките во продолжение ќе „завршат работа“:
https://www.instagram.com/p/B8IzeYag8Ly/
https://www.instagram.com/p/B8H2etapLTe/
https://www.instagram.com/p/B8Hui32IHZU/
https://www.instagram.com/p/B8Hpx2mCGZk/