Која е разликата помеѓу хотел со 4 и хотел со 5 ѕвезди?

Кога правите резервации за годишен одмор или какво било патување, наоѓањето совршен хотел е многу важен дел од процесот. 

Koja e razlikata pomegu hotel so 4 zvezdi I hotel so 5 zvezdi 01

Ако споредите хотел со две ѕвезди и хотел со четири ѕвезди, разликите ќе бидат многу очигледни. Но, ако размислувате дали да резервирате хотел со четири или хотел пет ѕвезди, разликите се малку посуптилни.

За жал, не постои стандарден рејтинг за хотелите. Секоја компанија користи свои критериуми за оценување на различни хотели, така што хотел со пет ѕвезди на една локација, може да биде хотел со три ѕвезди на друга локација.

Сепак, кога резервирате хотел со пет ѕвезди, вообичаено би требало да добиете нешто плус и за нијанса подобра услуга.

Поволностите на овие хотели вклучуваат подобра храна, луксузни спа-центри и клубови со целосна услуга и раскошни соблекувални. Персоналот на хотелот е секогаш достапен, како и готвачите.

Декорот во собите е елегантен, а собите најчесто имаат електронски помагала, како што е контрола на завеси.

Koja e razlikata pomegu hotel so 4 zvezdi I hotel so 5 zvezdi 02

Собите обично имаат голема бања која содржи специјални елементи, како што се двоен мијалник и затворени тоалети. Притоа, можете да очекувате да најдете производи за лична нега и хигиена со врвен квалитет.

Одморалиштата со пет ѕвезди би требало да имаат терени за голф, тениски центри, здравствени клубови со лични тренери, луксузни спа-центри, културни активности, анимација за најмладите, честопати и козметички услуги, продавници и сл.

Иако разликите се суптилни и можеби неважни за просечниот гостин, промената на резервацијата од хотел со четири во хотел со пет ѕвезди може да ви донесе повисок стандард. Но, за одредена цена.

Koja e razlikata pomegu hotel so 4 zvezdi I hotel so 5 zvezdi 03

Кога резервирате хотел, имајте на ум каде ќе го поминете поголемиот дел од времето. Ако ја истражувате областа што ја посетувате и нема да поминете голем дел од вашето време во хотелот, веројатно е паметно да изберете хотел со помалку ѕвезди.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Бев на одмор во Грција во средината на септември - Зошто ми се допадна летувањето на крајот од сезон... Единствената лоша страна на летувањето вон сезона, на крајот на септември, е тоа...
Коктел 15 евра, грчка салата 10 евра: Како се движат цените на Tigania, една од најубавите плажи на ... Плажата позната како „грчки Кариби“ е меѓу најскапите на вториот крак, а храна и...
Топ 15 божиќни пазари во Европа за 2024 како од бајка – кога да ги посетите? Божиќниот пазар во Будимпешта е избран за најдобар за 2024 кој ќе вреди да го по...
„Живеев во Дубаи и го мразам – сите, освен богатите мажи, се третирани како предмети“ „Гледав мажи кои шетаат со три по сопруги кои изгледаа мизерно. Ме бомбардираа с...
„Бев во два живописни града во Романија, патував 8 часа со автобус од Скопје – цените беа исти како ... „Прошетките по живописните улички на Темишвар и Сибиу, скромната невеста што поз...
„Песок мек како брашно, тиркизна вода“ – Најубавата плажа во Анталија, според српска патувачка блоге... „За да стигнете до плажата, морате да се спуштите по 200 скали, но вреди“ – вели...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg