Лоши пицерии, врски за вработување - Како изгледа животот на доселениците во Италија?
Олга од Русија живеела во неколку држави, а на крај решила да се пресели во Италија.
Многумина сонуваат да живеат овде, но изгледа дека, сепак, не е сè така „розово“.
Иако си има свои предности, животот во Италија, особено ако сте странец, и не е така лесен.
Во продолжение погледнете што научила Олга за животот во оваа држава.
За странците не е лесно да изградат кариера во Италија
Изгледа дека високото образование не ви гарантира добро работно место во Италија. Наводно, за да најдете добра работа, потребни ви се познаници и врски.
Но, кога прв пат ќе дојдете во државата, најверојатно нема да знаете никој. Покрај тоа, повеќето работодавци сакале лична препорака – нешто што е тешко изводливо во нова држава.
Италијанците не им веруваат на странците
Нормално, постојат Италијанци кои ги сакаат туѓите култури и кои нема да ве гледаат како отпадник. Сепак, повеќето сакале да се дружат со нивни сограѓани, наместо со доселеници.
Поради ова може да ви биде тешко да стекнете нови познаници и пријатели и постои ризик да се чувствувате осамено.
И во Италија има лоши пицерии
Италијанската кујна е разновидна, а секој регион е горд на своите рецепти. Каде и да отидете во Италија – Рим, Тоскана, Апулија, ќе најдете различни автентични јадења.
Но, дефинитивно, најпознатото италијанско јадење е пицата, па веројатно мислите дека токму овде ќе ја најдете совршената.
Без сомнение, Италијанците се експерти за правење пица, но не сите го имаат овој талент. И во Италија можете да најдете многу лоша пица.
Наводно, за да го одредите квалитетот на пицата, потребно е да ја пробате следниот ден. Ако нејзиниот вкус не е променет, тогаш станува збор за квалитетна пица.
Италијанците не се многу директни
Наводно, кога разговарате со Италијанец, неретко ќе треба да погодувате што всушност сака да ви каже.
Италијанците ретко кога кажуваат нешто директно.
Истовремено, Италијанците сакаат да се обраќаат и да им се обраќате со титули, како професоре, адвокате и слично.