Не користат завеси, се работи 7 часа, во јули сите на одмор - Најчудните факти за Норвешка
Традиција за пакување ручеци
Секое утро во норвешките семејства започнува со пакување ручек. Родителите им пакуваат храна на децата, а за нив, пак, си пакуваат храна за работа.
Најчесто во овие кутии се наоѓаат сендвичи, паштета, зеленчук, овошје и понекогаш јогурт и тестенини.
Кога одат на подолга прошетка, сите Норвежани си носат ваква кутија за ручек. Имаат и интересен ритуал – кога искачуваат планина, прават пауза, јадат од кутиите и само уживаат во погледот.
Ретка храна
Во Норвешка има навистина чудна храна, а овие оброци се меѓу најчудните:
- Gamalost: Ова е традиционално норвешко сирење со мувла кое не мора да се чува во фрижидер. Има навистина силна арома и е многу скапо.
- Smalahove: Овој „специјалитет“ е варена овча глава, која се служи со брокула и пире од компири.
- Blodpannekaker: Ова е всушност торта, во чие тесто се додава крв од елен. Поради ова, тортата има кафеава нијанса.
- Kalstuing: Ова е еден вид супа со зелка и млеко.
- Lutefisk: Уште еден ароматичен оброк – ова е риба потопена во алкално соединение, која има многу силен мирис.
Норвешки вафли
Покрај лошите јадења, Норвешка може да се пофали со одлични вафли. За Норвежаните, овие вафли се како леб и ги прават за речиси секоја прилика. Се продаваат и во кафетерии и ресторани, а можат да бидат слатки и солени.
Можете да си ги направите и дома:
- Измешајте 2 јајца со 100 грама шеќер. Додајте 150 милилитри млеко, 200 милилитри матеница и 100 милилитри вода.
- Измешајте 350 грама брашно, 1 лажица ванилин шеќер, ½ лажица кардамон, ½ лажица сода бикарбона и 1 лажица прашок за печиво.
- Измешајте ги состојките и направете хомогена смеса, па оставете да отстои 15 минути.
- На крај, додајте 125 грама растопен путер и печете ги вафлите додека не добијат златно-кафеава боја.
Пензионерски живот
Сигурно ќе се изненадите од виталноста на норвешките пензионери. Тие се физички активни и на 80 години, ја следат технологијата и се во тек со сè.
Всушност, тие се поразлични од кои било пензионери што сте ги сретнале.
Неколку факти го докажуваат тоа:
- Норвешките пензионери патуваат околу 3-4 пати годишно.
- 95% од нив имаат автомобили и можат да возат.
- Водат многу активен живот - скијаат, пешачат и се дел од секакви групи и клубови.
- Просечната пензија во Норвешка за 2019-та изнесувала 2.200 долари.
Здравство
Посетата на лекар најчесто чини 22 долари, а потоа, ако има потреба, тој ќе ве испрати на специјалист. Консултацијата со специјалист, пак, може да чини од 30 до 40 долари.
Кога ќе се земат предвид високите плати и пензии, оваа сума не е воопшто голема.
Доколку годишно сте потрошиле над 220 долари за здравство, ќе ви бидат покриени сите идни медицински трошоци.
Единствениот недостаток е што овде не можете да повикате лекар дома, дури и ако вашето дете има навистина силна треска. Во овој случај, ќе треба да одите до болница или брза помош.
Цени
Норвешка е скапа држава и често се случува луѓето да потрошат 200 долари без да купат нешто конкретно.
Услугите, пак, се уште поскапи, но просечната плата овде е 4.000-7.000 долари месечно.
И покрај високата плата, Норвежаните штедат многу:
- Во зима, температурата во домовите не е повисока од 18 степени. Кога се на работа, повеќето го исклучуваат греењето, а кога се дома носат подебела облека. Ова им помага да заштедат многу.
- Користат вода само толку колку што им треба.
- Внимаваат колку трошат тоалетна хартија.
- Прават неделно мени и ги купуваат само потребните продукти за исхрана.
- Понекогаш купуваат работи од Шведска, бидејќи е поевтино.
Како да заштедите како турист?
- Ако сте со ограничен буџет, купувајте храна од брендот First Price – квалитетот на продуктите е ист како и на поскапите.
- Цените за гориво се најниски во недела наутро и понеделник или четврток попладне.
- Во Норвешка, ако јадете во ресторан, ќе платите и за масата. Затоа, најдобро е да ја понесете храната дома или да готвите.
Корпи за купување за сингл луѓе
Во норвешките продавници има корпи кои се означени со налепница „За сингл луѓе“.
Идејата зад ова е ако сте сингл и сакате да запознаете некој, тогаш земете ја оваа корпа и дискретно почнете разговор со личност што носи иста корпа.
Кога е најдобро да ја посетите Норвешка?
- Јануари е одличен месец да одите на север и да ѝ се восхитувате на поларната светлина. Овој период се најголеми шансите да ја видите.
- Февруари и март се најдобрите месеци за скијање. Времето е одлично, снегот чист, деновите се долги и има многу сонце.
- Април, особено почетокот, е совршен период за посета на Лофотенските Острови. Доколку сакате риболов, ова ќе ви биде незаборавно искуство.
- Мај е месецот кога се прославува независноста на Норвешка. На 17-ти можете да видите многу Норвежани со традиционални костими, шарени паради и секакви настани.
- Јуни е погоден за прошетка низ големите градови во Норвешка.
- Јули е период кога треба да патувате низ фјордовите.
- Август е најдобриот период за истражување на планините и историските знаменитости.
- Септември е совршен доколку сакате да уживате во златната есен и да возите велосипед.
- Октомври и ноември не се препорачливи за посета на Норвешка. Овие месеци времето е лошо, темно е, има многу врнежи, нема снег, а нема ни сонце.
- Декември го означува отворањето на скијачката сезона.
Спирова С. | Црнобело