Предлози од искусен патник - Дестинации што не се преплавени со туристи, туку со див свет
Боцвана
Наводно, постои интересно правило ако ја преминувате границата на Боцвана на земја. Ќе треба да ги накиснете нозете во сад со течност за дезинфекција и да ги исчистите чевлите за да не внесете вируси или бактерии од соседните држави.
Можеби најубавото место во Боцвана е природниот резерват Chobe. Овде можете да пловите со брод и да ги гледате африканските слонови одблиску.
Јужен Судан
Во Јужен Судан живее племе сточари, а ако сакате да останете кај нив, ќе треба да платите за храна, па Александар препорачува да си понесете барем ориз, шеќер и брашно.
Овде кравите се како локална валута и се даваат како мираз, а можат да ги поседуваат само мажите. Урината на кравите, пак, ја користат како лек за убоди од инсекти.
Девојчињата се венчаат на 14-15 години и раѓаат по 10-тина деца. Жените во ова племе се многу почитувани бидејќи ги има многу малку.
Тристан да Куња
Оваа група острови во јужниот дел на Атлантикот е исто прекуокеанска британска територија.
Овде живеат само 250 луѓе, во заедница која е целосно затворена кон надворешниот свет. Локалните тинејџери можат да одат да студираат 2 години во Лондон, и тоа на трошок на Англија. Сепак, повеќето одлучуваат да се вратат.
Годишно, овде доаѓаат само 3-4 брода, па на островот практично нема туристи.
Локалните жители им се радуваат на посетителите и со задоволство ги споделуваат нивните традиција и култура. Природата, пак, е неверојатна – островите се опкружени со карпи, насекаде има фоки и според Александар, овде ќе се чувствувате како во паркот Јура.
Науру
Може да биде тешко да стигнете до Науру, но, ова е држава што вреди да се посети.
Овде е топло во текот на целата година, но благодарение на океанот нема да се справувате со пеколни температури.
Источен Тимор
Оваа држава во југоисточна Азија зафаќа половина од островот Тимор и е ограничена со корални гребени и богата флора. Државата ја доби својата независност дури 2002-ра.
И покрај проблематичната историја, локалните жители се пријателски настроени, секогаш насмеани и сакаат да се фотографираат со посетителите. Сепак, туристите се ретка појава овде.
Во целата држава има само 48 семафори, од кои половина не ни работат.
Спирова С. | Црнобело