Подземно чудо – гробницата на кинескиот цар Ќин Ше Хуанг и статуи на војници и коњи
Замислите дека одите по некои темни тунели, го слушате вашето забрзано дишење, отчукувањето на срцето и одеднаш, пред вас се отвора простор со илјадници статуи на теракотни војници. Може да ја пуштите вашата фантазија да ве води, таа никогаш не може да се истроши.
Кога сме веќе кај статуи на војници, мечтата ќе ја поврзам со нешто конретно. Во Кина постои добро познатата гробница на императорот Ќин Ше Хуанг, која за првпат била откриена во 1974 година.
Можеби нема да ви се верува, но прочуената гробница, тогаш на никого познатата, случајно била откриена од страна на мала група кинески земјоделци кои наишле на статуа на војник. Можеме само да претпоставиме какво откровение претставувало тоа.
Оние што имале пристап до местото велат дека на десетина километри источно од древниот град Ксиан, постои висок насип, кој на многумина им изгледа како затрупана пирамида. Токму во тие подземни ходници и простории веќе два века спие Ќин Ше Хуанг.
Се смета дека за време на владеењето на Ше Хуанг, во династијата се развил бирократски систем што му овозможил на царот да има контрола врз големата територија. За време на неговото владеење, Ќин Ше Хуанг почнал да ја гради својата гробница, во чија изградба учествувале околу 700 илјади луѓе.
По неговата смрт во 210 п.н.е. гробницата била затворена и никогаш повеќе откопана. Никој не ги знае точните причини за ова. Но, остануваат уште еден куп неодговорени прашања, а историчарите и археолозите мора да внимаваат со секој свој чекор за да го сочуваат овој историски и многу важен простор.
Рововите со војниците се наоѓаат на километар и полoвина од гробот на Ќин Ше Хуанг, а во подземјето се најдени повеќе од сто војнички коли, 40.000 оружја, како и 8.000 скулптури на војници и коњи.
Овие фигури се така направени, што за момент ќе помислите дека се живи. Е токму овие културни споменици потврдуваат дека древната кинески историја е богата и исполнета со безброј мистерии.
Автор: Х. Е. | Црнобело