Магични локации од цртаните филмови на Disney што можете да ги посетите во реалноста
6. „Херкулес“
Во 1997 година, Disney „прочепка“ во грчката митологија и ја објави својата верзија на „Херкулес“, анимираната приказна за борбите на „бесмртниот смртник“ на Зевс.
Во филмот, Херкулес патува во Храмот на Зевс за да се моли и да побара водство.
Додека е таму, статуата на Зевс оживува и Херкулес дознава дека тој навистина е син на таткото на сите богови.
За жал, вистинскиот храм на Зевс во Атина сега е во рушевини, но интригирачки е да се истражува она што е останато, вклучувајќи ги 15-те од 104 оригинални коритански столбови.
7. „Аладин“
Приказната за Аладин навистина крена голема прашина во 1992 година.
Речиси секој од нас ја гледал или барем слушнал за „невозможната“ романса помеѓу Аладин и принцезата Јасмин.
Но, дали знаевте дека Палатата на Султанот е инспирирана од фасцинантната Таџ Махал од индискиот град Агра?
8. „Петар Пан“
Лондонскиот Биг Бен е една од најценетите атракции во Лондон.
Датира од 1859-та година, а години подоцна во 1953 таа станува инспирација за еден од најпознатите Disney цртани филмови „Петар Пан“.
9. „Пинокио“
Приказната за детето-марионета со име Пинокио потекнува од едно мало село во Италија.
Иако куклите што би ги виделе во продавниците во Италија можеби не оживуваат, сепак можете да талкате низ селото Колоди (во близина на Тоскана) и да прошетате низ калдрмните улици од кои Дизни ја повлече својата инспирација.
10. „Снежно кралство“ (Frozen)
Црквата Свети Олаф се наоѓа во Норвешка и служеше како модел за капелата претставена во Frozen за време на сцената на крунисувањето на Елса.
Можете ли да претпоставите за што уште послужило нејзиното име?
Така е, за името на вашиот омилен снешко.
Мила М. | Црнобело