Непривлечни дестинации: најнепосетени места на светот

Иако во светот постојат градови кои се борат со преголем број на туристи, има и места кои речиси никој не ги посетува.

neprivlecni-destinacii-najneposeteni-mesta-na-svetot-02.jpg

Да, на листата има места кои не нудат ниту културни знаменитости, ниту убава природа.

Но, има и такви кои имаат прекрасни плажи без гужви, водата е чиста, природата прекрасна, а сепак годишно ги посетуваат само неколку илјади „случајни минувачи“.

Островот Тувалу е една од непривлечните локации за туристите. Да, островот нема аеродром, но немаат аеродром и многу други дестинации кои сепак се преполни со туристи.

neprivlecni-destinacii-najneposeteni-mesta-na-svetot-01.jpg

Има начин како да стигнете – со авион до островот Фунафути, па од таму со траект до Тувалу каде може да уживате во убавините на коралните гребени на раат.

На листата се наоѓаат и Кирибати – островска држава во близина на Фиџи која нуди вистинско доживување на локалните фестивали со уникатна музика и танци.

Маршалските острови своевремено служеле за испитување на бомби од страна на војската на САД, па туристите ги заобиколуваат заради страв од зрачење.

За островот Монтсерат поголем дел од светот слушна во 1995 година кога вулканска ерупција го уништи главниот град, по што две третини од жителите мораа да ги напуштат своите домови.

И денес постојат мали вулкански ерупции заради кои туристите главно го избегнуваат островот. Сепак, околу 8000 адреналински зависници го посетуваат Монтсерат во текот на годината, во потрага по нови авантури.

neprivlecni-destinacii-najneposeteni-mesta-na-svetot-03.jpg

„CNN Travel“ издвои уште 20 земји кои годишно ги посетуваат помалку од 150.000 луѓе:

1. Американска Самоа

2. Соломонските острови

3. Комори

4. Сао Томе и Принсипе

5. Микронезија

6. Џибути

7. Сиера Леоне

8. Гвинеја

9. Тонга

10. Ангвила

11. Источен Тимур

12. Свети Винсент и Гренадини

13. Сан Марино

14. Доминика

15. Лихтенштајн

16. Вануату

17. Свети Кристофер и Невис

18. Нова Каледонија

19. Еритреја

20. Молдавија

Е. П. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

12 европски дестинации кои може да ги посетите во есен (според искусни патувачи) Ако немате идеја каде да заминете на следно патување, искусните патувачи на Euro...
Најпознатите (и најзначајните) градби ширум светот Пирамидите во Египет се како симбол на древен Египет кој ја покажува моќта, но и...
9 европски дестинации каде и во рана есен е уште топло Од Кипар до Анталија, постојат повеќе места каде може да отидете на есенско пату...
Бев на одмор во Грција во средината на септември - Зошто ми се допадна летувањето на крајот од сезон... Единствената лоша страна на летувањето вон сезона, на крајот на септември, е тоа...
Ненеци, народ кој живее „на работ на светот“: Јадат месо од ирваси, преживуваат и на -50°C Секое семејство има по еден ирвас „домашен миленик“. А ирвасите им нудат на Нене...
Долги редици, турканици низ тесните улички - Што може да очекувате од Санторини, ако го посетите во ... За совршени фотки на белите кровови ќе треба да се изборите за место со илјадниц...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg