Краток работен ден, патарини во град - Факти за Норвешка што сигурно ќе ве изненадат
Норвешка е прекрасна, но скапа држава за живеење. Знаевте ли дека тамошните продукти се дури 55% поскапи од каде било во Европа?
Сепак, просечната плата е доволно висока и речиси сите можат да си дозволат удобен живот. Истовремено, иако Норвежаните имаат пократка работна недела, нивната продуктивност е неверојатна.
Изгледа дека Норвежаните навистина знаат како да работат, да одмораат и да уживаат во животот, а овие факти ќе ви го докажат тоа:
1. Општеството е изградено на целосна доверба. Во Норвешка можете да „изнајмите“ куќа за викенд, и тоа бесплатно. Од вас само се очекува да ги вратите клучевите откако ќе си заминете.
2. Заедничкото купување мебел е важен дел од врската. Норвежаните имаат поразлична замисла за интимноста, па купувањето мебел е голем чекор напред.
3. Навредливо е некој друг да плати за вас. Ова важи и за мажи и за жени, и сите настојуваат да бидат независни. Ако понудите да платите некому за нешто, може да настане недоразбирање.
4. Норвежаните го ценат нивниот личен простор. Воглавно се срамежливи и не сакаат празни разговори. Поради ова, ако седнете до некој во речиси празен автобус, ќе помислат дека нешто не е во ред.
5. Жителите внимаваат со искажувањето на емоциите. Поради ова, пак, за Норвежаните се мисли дека се ладни луѓе. За нив доволно е тапкање по рамото за да ви покажат сочувство.
6. Здравството е скапо, особено денталното. Па, ако се селите во Норвешка, средете си ги забите пред да заминете.
7. Не можете да влезете во аптека и да си купите што било. Единственото нешто што ќе ви го продадат без рецепт се само некои лекови за болка.
Повеќето Норвежани, вклучувајќи ги и лекарите, сметаат дека здравствените проблеми можат да се решат со три нешта – вежбање, рибино масло и ибупрофен (лек против болка, треска и воспаление).
8. Во Норвешка не можете да туку-така да викнете брза помош. Ако сакате да одите на лекар, мора да си закажете, а понекогаш треба да чекате и 2-3 недели. Брзата помош доаѓа само во навистина итни ситуации.
9. Во Норвешка има патарини и во градовите. Ако сакате да одите во друг дел од градот, без разлика дали на работа или на шопинг, мора да платите патарина.
10. Норвежаните се еко-свесни луѓе. Во Осло има многу електрични автомобили, а жителите ги купуваат сè почесто.
11. Норвежаните имаат навистина краток работен ден. Обично почнуваат со работа во 8 наутро, а завршуваат во 3 попладне. Воглавно, не минуваат повеќе од 7,5 часа на работа, а имаат 5 недели одмор секоја година.