10 улички во Европа кои создаваат магија
6. Rue Cremieux, Париз, Франција
Rue Cremieux или „виножитото на Париз“ се смета за едно од најатрактивните Инстаграм дестинации во овој град.
Волшебна мала калдрма, опкружена со 35 пастелно обоени куќички и прекрасна цветна градина, за која се грижат жителите на оваа улица.
7. Via Margutta, Рим, Италија
Овековечена во филмот со кој Одри Хепберн ја започнува својата кариера: „Roman Holiday“,Via Margutta е несомнено една од најубавите улици во Рим.
Денес оваа улица е распослана со притаен бршлен, калдрма и многу галерии.
8. Victoria Street, Единбург, Шкотска
Уживајте во прошетката по калдрмата на Victoria Street, каде што шарените згради се „свиткуваат“ зад аголот и се исполнети со забавни, уникатни продавници и ресторани.
Улицата Викторија е цврст дел од историјата на градот со своите камени sидови и нивниот долговековен шарм привлекува посетители ширум целиот свет.
9. Nyhavn, Копенхаген, Данска
Совршено скоцкана кутија, распрскана со боја, со идилични јарболи со чамци, слатки кафулиња и елегантни ресторани на двете страни.
Nyhavn може да се пофали со титулата за најживописна улица во градот.
Ниту едно патување до Копенхаген не е комплетно без прошетка и фотографија токму на ова волшебно место.
10. East Side Gallery, Берлин, Германија
East Side Gallery се состои од серија мурали, насликани директно на остатоци со должина од 1,316 метри.
Оваа галерија има официјален статус како национално обележје или заштитно наследство.
East Side Gallery досега е најголемата галерија во светот со вклучени повеќе од 118 артисти, од вкупно 21 држава.
Мила М. | Црнобело