10 улички во Европа кои создаваат магија
Секоја држава, секој град, секое маало, секој кварт си има своја уникатна убавина.
Специфично катче кое ја полни душата со фасцинација.
Со свој печат, единствено на некој свој начин, поседува моќ која умее да нѐ прошета низ некое друго време, да ни налее чувства кои никогаш порано не сме ги почувствувале.
Човечкиот талент е бесценет без разлика на тоа од која доба и од која страна на светот доаѓа.
Ви ги претставуваме 10-те најизвонредни улици во Европа кои со сигурност ќе ве остават без зборови:
1. Kynance Mews, Лондон, Англија
Куќи покриени со бршлен и тајни скалила.
Kynance Mews во Кенсингтон е едно од најубавите ќошиња од сите области во Лондон.
На есен, улицата сјае со зелени и бургундски лисја, а кога ќе пристигне пролетта, куќите се претвораат во пурпурна шума.
2. Golden Lane, Прага, Чешка
Golden Lane е улица лоцирана во замокот Прага, Чешка. Првично изградена во 16 век, во куќата на чуварите на замокот Рудолф Втори.
Го носи името од златарите што живееле таму во 17 век.
Ситните, неодоливи куќарки во светли бои некогаш биле нечии домови, но сега тие претставуваат необични чешки продавници.
Без сомнеж, една од најголемите туристички атракции во Прага.
3. Уличките во Миконос, Грција
Најубавото богатство на Грција.
Остров кој изобилува со бели, тесни и романтични улички, распослани со шарени цвеќиња и на сето тоа бистрата, сина вода.
Уличките во Миконос се вистинска бајка прикажана во реалниот свет.
4. Burano, Венеција, Италија
Прошетка (или возење со брод) надолу по оваа прекрасна улица во Венеција е како прошетка низ виножитото.
Бурано е остров среде Венецијанската лагуна, што ако имате среќа да го посетите, веднаш ќе ја грабнете камерата.
Овие неодоливи, шарени куќички имаат моќ да разведрат сечие расположение.
5. Calleja de las Flores, Кордоба, Шпанија
Calleja de las Flores во Кордоба, Шпанија е без сомнение еден од најслатките мали премини во Европа.
Белите sидови се обложени со безброј саксии исполнети со гераниум и каранфили, давајќи му вистинска магија на ова мало, градско катче.