Обележје на Барселона - Шест генијалности на Гауди кои вреди да се посетат

Антонио Гауди и Барселона се два концепта што не можат да се разберат одделно.

Obelezhje-na-Barcelona-Shest-genijalnosti-na-Gaudi-koi-vredat-da-se-posetat povekje 01 630x340.jpg

Ако пребарувате на google, првите резултати кои ќе го нападнат вашиот екран се слики од Парк Гуел, Саграда Фамилија и Каса Батиљо.

Дела на едниот и единствен, вонсериски архитект заради кој Барселона важи за еден од најубавите градови во Европа.

Оваа врска меѓу Гауди и Барселона не би била можна доколку на уметникот не му се дала таква прилика.

Во продолжение ги наведуваме 6-те генијални дела на Гауди:       

1. Канделабрите на Plaza Real

Ова е една од првите задачи кои ги добил Гауди по завршувањето на студиите.

Во 1879 година, Градскиот совет на Барселона избрал тој да ги дизајнира светилниците на плоштадите Plaza Real и Pla de Palau.

Направени со ковано железо и бронза, тие го претставуваат крилестиот шлем на богот Меркур и двете змии. 

Оттука започнале славните почетоци на Гауди.

Obelezhje-na-Barcelona-Shest-genijalnosti-na-Gaudi-koi-vredat-da-se-posetat povekje 02 630x360.jpg

2. Casa Vicens

1888 година е годината за првото ремек дело на Гауди, од страна на Мануел Виченз и Монтанер, кои му довериле да ја изгради својата летна резиденција во Вила де Грасија.

Гауди минувал низ својата прва уметничка сцена, наклонувајќи се кон индиската, персиската и јапонската култура, како и уметноста на Мудејар и Насрид.

Во 2005 година Casa Vicens е прогласена за светско наследство на УНЕСКО, за во ноември 2016 да се отвори за јавноста како музеј. 

Obelezhje-na-Barcelona-Shest-genijalnosti-na-Gaudi-koi-vredat-da-se-posetat povekje 03 630x360.jpg

3. Pallau Güel

За време на универзалната изложба на Париз во 1878 година, Антони Гауди се запознал со Еузеби Гуел, каталонски индустријалец кој се заљубил во неговиот стил и станал негов покровител.

Тој ја доверил изградбата на урбаната палата за проширување на куќата што ја имал во Ла Рамбла.

Во оџаците Гауди ја тестирал техниката што всушност го направи еден од најважните архитекти на 20 век. Работата  се завршила во 1899 година.

Obelezhje-na-Barcelona-Shest-genijalnosti-na-Gaudi-koi-vredat-da-se-posetat povekje 04 630x360.jpg

4. Casa Batillo

Изграденa меѓу 1904 и 1906 година, припаѓа на натуралистичката фаза на Гауди (почетокот на дваесеттиот век), во која научил како да ги трансформира органските форми на природата во цели згради.

Нешто револуционерно, нешто кое мора да се посети доколку појдете во Барселона.

Obelezhje-na-Barcelona-Shest-genijalnosti-na-Gaudi-koi-vredat-da-se-posetat povekje 05 630x360.jpg

5. Casa Mila (La Pedrera)

Близу до Casa Batillo е Casa Mila позната и како La Pedrera. Изградена меѓу 1906 и 1910 година, нарачана од страна на Пере Мила и Кампс, богат каталонски бизнисмен кој сакал во голема зграда да ја основа својата главна резиденција.

Изградбата на La Pedrera предизвикала контроверзии помеѓу семејството Мила и архитектот (заради дизајноти декорацијата на собите) и помеѓу нив и градот, бидејќи зградата зафаќала повеќе простор од дозволеното.

Покрај тоа, кога била откриена, општеството го критикувало резултатот.

Сликарот Салвадор Дали бил еден од првите и ретките луѓе што го бранеле делото на архитектот.

Денес, таа е пример за уметничка полнота на таткото на каталонскиот модернизам.

Obelezhje-na-Barcelona-Shest-genijalnosti-na-Gaudi-koi-vredat-da-se-posetat povekje 06 630x360.jpg

6. Sagrada Familia

Ова кулминално ремек дело на Гауди започнало во 1882 година и се очекува да заврши во 2026 година, еден век по смртта на архитектот.

Тој знаел дека нема да е жив за да ја види готова, па затоа предложил секој дел од базиликата да се гради самостојно за да се прикажат архитектонските стилови на различни генерации.

Ентериерот е дизајниран според формите и линиите на природата, што се рефлектира во колоните и неверојатните витраж прозорци што го осветлуваат.

Гауди сакал создавањето згради да раскажува приказни, а Саграда фамилија не е исклучок.

Зачудувачкиот екстериер е целосна претстава на Новиот Завет, со класична сцена на раѓање, четирите кули ги претставуваат евангелистите или Исус на Крстот.

Некои теории сугерираат дека генијалноста оставила индиции за да ја потврди неговата врска со масонството, иако тој веќе ги очекувал овие теории со изјавата дека „Секој ги наоѓа своите работи во храмот: селаните гледаат кокошки и петелки; научници, знаците на Зодијакот; теолози, генеалогија на Исус; Но, објаснувањето, расудувањето го знаат само мудрите луѓе и не треба да се вулгаризираат“.

Obelezhje-na-Barcelona-Shest-genijalnosti-na-Gaudi-koi-vredat-da-se-posetat povekje 07 630x360.jpg

Мила М. | Црнобело 

Би можело да ве интересира:

Ова е Македонија: Караџица е како сцена од есенска бајка (фото) Караџица периодов е обоена во најубавите есенски тонови и буквално изгледа како ...
Котор, Скопје: Градови кои имаат стари делови што зрачат со магија (и се совршени за есенска дестина... Старата скопска чаршија е како спој на разни култури и националности и до денес ...
Гратче во Италија со куќички како од бајка - Зошто да го посетите Алберобело? Кога ќе прошетате низ тесните улички и ќе ги погледнете белите куќи со конусни п...
12 причини зошто Данска е совршена земја за живот Скандинавските земји пленат со својата архитектура, начинот на живот, храната ко...
Гари, Зрзе - Шест преубави македонски села кои треба да ги посетите Зовиќ, Гари, Ореше - сте ги посетиле ли овие наши преубави села? Ако не, време е...
Европски пролетни дестинации со евтини летови од Скопје Брисел, Франкфурт, Милано... Каде сакате да одите оваа пролет? Брисел, Франкф...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg