Скулптури и статуи ширум светот за кои луѓето веруваат дека ако ги допрат, ќе им донесат среќа

На најпознатите туристички дестинации можете да најдете безброј статуи и скулптури. Секоја од нив е направена во нечија чест или има некаква симболика, а за голем дел се верува дека носат и среќа.

statui-i-skulpturi-shirum-svetot-za-koi-se-veruva-deka-nosat-srekja-01.jpg

Од Словачка и Унгарија, па сѐ до САД и Куба, ова се „најсреќните“ скулптури ширум светот:

Kiskiralylany (Малата принцеза) во Будимпешта, Унгарија

Оваа скулптура „седи“ покрај шините во близина на мостот Széchenyi Chain во Будимпешта.

Скулптурата е дело на Лазло Мартон, кој бил инспириран од желбата на неговата ќерка да се облекува како принцеза со нејзината бањарка и круна од весник.

Од поставувањето на статуата во 1990-тите, се создала традиција минувачите да ги допрат нејзините колена за среќа.

statui-i-skulpturi-shirum-svetot-za-koi-se-veruva-deka-nosat-srekja-02.jpg

Кумил во Братислава, Словачка

Ова е скулптура од маж кој ѕирка од шахта и се наоѓа во Стариот град во Братислава.

Статуата е поставена во 1997-ма година, а кај локалните жители постои дебата за тоа дали Кумил прави пауза од работа или гледа под женските здолништа.

Според една локална легенда, ако си замислите желба и ја допрете капата на Кумил, желбата ќе ви се исполни.

statui-i-skulpturi-shirum-svetot-za-koi-se-veruva-deka-nosat-srekja-03.jpg

Il Porcellino во Фиренца, Италија

Во близина на мостот Ponte Vecchio во Фиренца се наоѓа шуплива скулптура од свиња.

Најчесто посетителите ставаат паричка во устата на свињата, си замислуваат желба, па си ја земаат паричката од стомакот на свињата. На крај, ја галат свињата на носот.

statui-i-skulpturi-shirum-svetot-za-koi-se-veruva-deka-nosat-srekja-04.jpg

Споменик за оџачарот во Лавов, Украина

За да ја видите оваа скулптура, ќе треба да се искачите на покривот на кафетеријата The House of Legend во Лавов. Штом ќе стигнете на покривот, ќе ве пречекаат спирални скалила, од кои ќе треба да фрлите паричка во капата на оџачарот.

Повеќето луѓе промашуваат, но доколку успеете, се верува дека ќе ве следи среќа.

statui-i-skulpturi-shirum-svetot-za-koi-se-veruva-deka-nosat-srekja-05.jpg

Статуата на Леополд фон Захер-Мазох во Лавов, Украина

Леополд се смета за основач на садо-мазо движењето, а неговата статуа се наоѓа пред коктел барот Masoch во Стариот град во Лавов.

Посетителите можат да ја стават раката во џебот на статуата за среќа. Но, интересно е што џебот не е празен, туку во него се наоѓаат „гениталиите“ на статуата.

statui-i-skulpturi-shirum-svetot-za-koi-se-veruva-deka-nosat-srekja-06.jpg

Бистата на Далида во Париз, Франција

Лоцирана во околината на Монмартр, поставена е биста во чест на француска пејачка и актерка Јолада Кристина, позната како Далида.

Пејачката изврши самоубиство во 1987-ма, а статуата е направена на 10-тата годишнина од нејзината смрт.

Според традицијата, допирањето на градите на бистата ќе ви донесе среќа.

statui-i-skulpturi-shirum-svetot-za-koi-se-veruva-deka-nosat-srekja-07.jpg

Абрахам Линколн во Спрингфилд, Илиноис

Веднаш до гробницата на Линколн се наоѓа огромна биста од него. Можете да забележите дека носот на претседателот е „излижан“, а тоа е благодарение на посетителите кои го допираат.

Некои локални жители веруваат дека допирањето на носот носи среќа, а некои дека ќе ве направи мудри.

statui-i-skulpturi-shirum-svetot-za-koi-se-veruva-deka-nosat-srekja-08.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Бев на одмор во Грција во средината на септември - Зошто ми се допадна летувањето на крајот од сезон... Единствената лоша страна на летувањето вон сезона, на крајот на септември, е тоа...
Коктел 15 евра, грчка салата 10 евра: Како се движат цените на Tigania, една од најубавите плажи на ... Плажата позната како „грчки Кариби“ е меѓу најскапите на вториот крак, а храна и...
„Песок мек како брашно, тиркизна вода“ – Најубавата плажа во Анталија, според српска патувачка блоге... „За да стигнете до плажата, морате да се спуштите по 200 скали, но вреди“ – вели...
Котор, Скопје: Градови кои имаат стари делови што зрачат со магија (и се совршени за есенска дестина... Старата скопска чаршија е како спој на разни култури и националности и до денес ...
Топ 15 божиќни пазари во Европа за 2024 како од бајка – кога да ги посетите? Божиќниот пазар во Будимпешта е избран за најдобар за 2024 кој ќе вреди да го по...
„Живеев во Дубаи и го мразам – сите, освен богатите мажи, се третирани како предмети“ „Гледав мажи кои шетаат со три по сопруги кои изгледаа мизерно. Ме бомбардираа с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg