Музеи, скриени градини и неодолива кујна – Гранада е идеална дестинација за секој патник

Шпанија е многу повеќе од Барселона и Мадрид. Постојат многу интересни места, кои овозможуваат да добиеш поубава слика за самата држава. Таков град е и Гранада, сместен во јужниот дел на Шпанија. 

muzei skrieni gradini i nedoliva kujna granada destinacija za sekoj patnik 7

Постои една изрека која гласи - „оној што ја нема посетено Гранада, исто како да не видел ништо од ова медитеранска земја“.

Тоа што е стар град и што се наоѓа помеѓу ридови и плодно земјиште, дополнително ја зголемува неговата привлечност. Ако треба да потенцираме и бројки, ќе кажеме дека годишно има околу 2.5 милиони туристи, а големиот број на музеи и скриени градини ја разгорува љубопитноста на секој патник.

muzei skrieni gradini i nedoliva kujna granada destinacija za sekoj patnik 3

Неколку пријатели кои ја посетија Гранада ми кажаа дека само што стигнале, ги оставиле ранците во хостел и се упатиле во посета на музеите.

Од Археолошки музеј, изграден во 1867, со предмети од палеолит и неолит, римски и арапски предмети, па сè до Научниот Парк во Гранада, кој се смета за прв интерактивен музеј на науката, а тука може да се додаде и Музејот Алхамбра, кој постои од 1780 година со сочувана уметност од 8 век, па до последните години од културата на Маварите. Ова се смета за главна туристичка точка на градот.

muzei skrieni gradini i nedoliva kujna granada destinacija za sekoj patnik 2

Тука задолжително мора да стои и катедралата во Гранада, која се наоѓа во центарот на стариот дел од градот. Конструкцијата своето постоење го бележи во 1518 година, и има готски, ренесансен и барокен стил.

muzei skrieni gradini i nedoliva kujna granada destinacija za sekoj patnik 5

Ако барате нешто поинакво, тогаш квартот Sacromonte е доста привлечна локација. Таму луѓето сè уште живеат во бели пештери издлабени во карпи, а импровизираните собири за фламенко траат да раните утрински часови.

muzei skrieni gradini i nedoliva kujna granada destinacija za sekoj patnik 1

Симболот на Гранада е калинка. Тоа речиси е видливо кога ќе се најдете низ тесните улички и кога со погледот ќе разгледате наоколу.

Оние кои ја посетиле Гранада позитивно се изненадени од локалната кујна, мешавина од арапска и андалузиска. Разните зачини наоѓаат простор во секое мени. Посебно го издвојуваат јадењето plato alpujarreño, кое содржи компири, пржено јајце, сланина, крвав колбас, блага пиперка и чоризо.

muzei skrieni gradini i nedoliva kujna granada destinacija za sekoj patnik 4

Со 250 сончеви денови годишни, Гранада со својата урбаност и магичност претставува задолжителна дестинација за секој патник.

Автор: Е. Х. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Бев на одмор во Грција во средината на септември - Зошто ми се допадна летувањето на крајот од сезон... Единствената лоша страна на летувањето вон сезона, на крајот на септември, е тоа...
Коктел 15 евра, грчка салата 10 евра: Како се движат цените на Tigania, една од најубавите плажи на ... Плажата позната како „грчки Кариби“ е меѓу најскапите на вториот крак, а храна и...
Топ 15 божиќни пазари во Европа за 2024 како од бајка – кога да ги посетите? Божиќниот пазар во Будимпешта е избран за најдобар за 2024 кој ќе вреди да го по...
„Живеев во Дубаи и го мразам – сите, освен богатите мажи, се третирани како предмети“ „Гледав мажи кои шетаат со три по сопруги кои изгледаа мизерно. Ме бомбардираа с...
„Песок мек како брашно, тиркизна вода“ – Најубавата плажа во Анталија, според српска патувачка блоге... „За да стигнете до плажата, морате да се спуштите по 200 скали, но вреди“ – вели...
„Бев во два живописни града во Романија, патував 8 часа со автобус од Скопје – цените беа исти како ... „Прошетките по живописните улички на Темишвар и Сибиу, скромната невеста што поз...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg