Музеј на тортура, фалолошки егзибиции – необични музеи кои може да ги посетите

Велат дека авантурите не мора секогаш да се случуваат надвор. Тие можат да се остварат и во затворен простор. 

muzej na tortura faloloski egzibicii neobicni muzei koi moze da gi posetite 2

Музеите за среќа ја имаат таа привлечност да те нурнат во една поинаква состојба и да те придружуваат низ фрагментирано патување низ историјата.

Освен што ќе имаш можност да ги погледнеш работите од поразлична перспектива, на еден начин ти претставува и должност да научиш нови работи и да откриеш непознати светови.

На крајот од денот во тоа се состои убавината на секое патување. Да не се лажеме, списокот на необични музеи е навистина долг.

Ако сте во недоумица, нашите предлози се тука да ви помогнат да одлучите што следно да посетите:

Пластинариум

Откако 39 години студирал медицина, дисекција и хемија, Гунтер фон Хејнс ја усовршил пластинацијата – процес во кој со помош на полимер се зачувува човечкото ткиво и во Губен, Германија решил да отвори музеј.

Внатре се наоѓаат изложени животни и луѓе во различни креативни пози, кои ја соголуваат човечката анатомија.

muzej na tortura faloloski egzibicii neobicni muzei koi moze da gi posetite 7

muzej na tortura faloloski egzibicii neobicni muzei koi moze da gi posetite 7

Фалолошки музеј на Исланд

Ова е навистина необичен музеј во Рејкјавик. Таму се изложени повеќе од 200 пениси и негови делови на разни копнени и морски цицачи. Ќе налетате на пениси од китови, слонови, моржови… 

Сигурир Хајтарсон стои зад овој музеј, кој во 1974 година почнал да собира пениси на китови, а во 1990 година официјално го отворил.

muzej na tortura faloloski egzibicii neobicni muzei koi moze da gi posetite 6

muzej na tortura faloloski egzibicii neobicni muzei koi moze da gi posetite 6

Музеј за тортура

Во срцето на Амстердам, покрај водените канали, барови и хотели, постои еден музеј посветен на злото, поточно музеј на тортура.

Ќе ви биде обезбедено едно патување низ црните европски векови и таму се изложени 40 инструменти кои се користеле за мачење. Страшно!

muzej na tortura faloloski egzibicii neobicni muzei koi moze da gi posetite 4

muzej na tortura faloloski egzibicii neobicni muzei koi moze da gi posetite 4

Музејот Чарлс Дикенс

Списокот да го завршиме со нешто секојдневно. Ако сте љубител на делата на Дикенс и уживате да се изгубите во неговите живописни градови и волшебни празници, тогаш кога ќе го посетите Лондон треба да одите и во музејот посветен на овој книжевен великан.

Просториите се исполнети со над 100.000 различни артефакти, ракописи па сè до уметнички дела од и за славниот писател. Препрочитајте ја уште еднаш „Оливер Твист“ пред да стапнете во музејот.

muzej na tortura faloloski egzibicii neobicni muzei koi moze da gi posetite 9

muzej na tortura faloloski egzibicii neobicni muzei koi moze da gi posetite 9

Автор: Х. Е. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Уличната уметност и шармантните мурали низ улиците на Брисел Сакам да ве прашам нешто. Дали сте љубители на улична уметност?  Сакам д...
Морничави замоци низ Европа кои се верува дека се „опседнати“ (и можете да ги посетите) Натприродни појави, сенки, морничави гласови – ова се само дел од работите што н...
7 ресторани во Врање кои може да ги посетите кога одите на еднодневна тура Ресторани на отворено со двор, ресторани со игралиште за деца, или со рустичен и...
12 европски дестинации кои може да ги посетите во есен (според искусни патувачи) Ако немате идеја каде да заминете на следно патување, искусните патувачи на Euro...
Безброј светилки, многу тезги со храна и подароци: Брисел е волшебен во празничната сезона И оваа година, божиќниот маркет во Брисел е сместен во самото срце на градот, и ...
7 причини зошто уште веднаш да се спакувате и да го посетите Лисабон Ќе се вратите низ времето со ретро трамвајот број 28, но и ќе ги вкусите најдобр...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg