3 Европски дестинации кои се магични во зима

Дали се двоумите која дестинација да ја посетите оваа зима? Затоа ние за вас ги издвоивме трите дестинации кои се „полн погодок“ да се посетат во зима.

3-evropski-destinacii-koi-se-magicni-vo-zima+01.jpg

Доколку уживате кога има снег и зимата ви е омилено годишно време, тогаш не може, а да ги немате посетено Норвешка, Шведска и Словенија за време на зимскиот период.

Овие дестинации ја будат зимата во секој поединец и ни докажуваат дека иако е ладно и мамурно надвор, сепак зимата самата со себе носи некоја своја сопствена убавина.

Погледнете ги трите Европски дестинации кои се најубави во зима:

Свалбард, Норвешка

Едно од најсеверните населени места во светот, Свалбард е одлична дестинација за да се посети, а вистинското време за тоа е зимата. Свалбардските острови се познати по нивната поларна ноќ, што се одвива помеѓу средината на ноември и крајот на јануари.

Во овој период на ова место никогаш не изгрева сонце и најсветлото небо што е присутно во текот на денот е обоено во светло сина боја.

Многу честа е појавата и на аурора бореалис (поларна светлина). Овој преубав феномен е навистина реткост и затоа навистина вреди да се види и доживее.

3-evropski-destinacii-koi-se-magicni-vo-zima+02.jpg

Абиско, Шведска

Место како од бајките полно со ирваси. Исто како и на Свалбард и на ова место е честа појавата на аурора бореалис.

Туристите и локалното население за време на зимата уживаат во скијање, риболов на мраз, лизгање на мраз.

Вистинско време за да го посетите Абиско е зимата, затоа што само тогаш ќе можете да ги воочите вистинските природни убавини со кои ова место изобилува.

3-evropski-destinacii-koi-se-magicni-vo-zima+03.jpg

Блед, Словенија

Ова место е опкружено од истоименото езеро – Блед, кое во зима се претвора во мразово сина боја и ги отсликува околните снежни планини.

На ова место годишно се одржуваат и голем број на свадби, затоа што самото по себе е магично.

Посетителите на ова место можат да уживаат скијање и да посетат голем број од пештерите кои се наоѓаат таму.

3-evropski-destinacii-koi-se-magicni-vo-zima+04.jpg

Т. Ѓ. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

12 европски дестинации кои може да ги посетите во есен (според искусни патувачи) Ако немате идеја каде да заминете на следно патување, искусните патувачи на Euro...
Топ 15 божиќни пазари во Европа за 2024 како од бајка – кога да ги посетите? Божиќниот пазар во Будимпешта е избран за најдобар за 2024 кој ќе вреди да го по...
9 европски дестинации каде и во рана есен е уште топло Од Кипар до Анталија, постојат повеќе места каде може да отидете на есенско пату...
Морничави замоци низ Европа кои се верува дека се „опседнати“ (и можете да ги посетите) Натприродни појави, сенки, морничави гласови – ова се само дел од работите што н...
7 ресторани во Врање кои може да ги посетите кога одите на еднодневна тура Ресторани на отворено со двор, ресторани со игралиште за деца, или со рустичен и...
Безброј светилки, многу тезги со храна и подароци: Брисел е волшебен во празничната сезона И оваа година, божиќниот маркет во Брисел е сместен во самото срце на градот, и ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg