Зошто Париз засекогаш ќе остане најромантичниот град?

Појадок во некое кафуле во ќошот на некоја мала уличка, ручек во „Le Procope“, пикник на некоја клупа во близина на Ајфеловата кула...

zosto-pariz-zasekogas-ke-ostane-najromanticniot-grad+01.jpg

Сите едногласно можеме да се согласиме дека Париз засекогаш ќе остане најромантичниот град во светот. Кога помислуваме на Париз, помислуваме на романтика, љубов и софистицираност.

Неколку причини зошто Париз засекогаш ќе остане најромантичниот град:

Неверојатната француска кујна

Дали сте слушнале за ресторанот „Le Procope“ најстариот ресторан во Париз? Одлична идеја е таму да се отиде на романтична вечера. Отоврен е во 1686-тата година и ентериерот внатре е софистициран за да одговара на самата кујна.

Виното

Франција е една од најголемите производители на вино во светот. А, не можете да отидете во Париз без да пробате некое од квалитетните вина со кои располага. Романтична вечера, квалитетно вино и убав поглед, зарем е потребно повеќе?

Малите испреплетени улички низ градот на светлината

Особено неописливо чувство будат малите улички во Париз. Градени на многу уметнички начин, со кафулиња и слаткари во секој ќош, секој треба барем еднаш во животот да си дозволи да се изгуби во убавината на овие мали, испреплетени улички.

Преубавиот плоштад

Париз е надалеку познат како градот на светлината. А, една од причините зошто е вака наречен е самиот плоштад. Плоштадот на Париз зрачи, во буквална смисла на зборот. Невечер доловува една навистина ретка глетка испреплетена со светилки кои доаѓаат од сите страни.

zosto-pariz-zasekogas-ke-ostane-najromanticniot-grad+02.jpg

Џезот на улиците

Дури и улиците во Париз зрачат од романтика. Зарем има поромантичен жанр во музиката од џезот? Едноставно романтиката во Париз е насекаде. Во рестораните, низ улиците, помеѓу луѓето...

Терасите од зградите кои самите по себе говорат за љубов

Терасите во Париз се препознатливи по тоа што на нив секогаш има мала округла маса и две столчиња. Многу честа глетка која може да се види во овој град е како љубовен пар седи на овие две столчиња кои се поставени очи во очи и разговара.

И се разбира Ајфеловата кула

Колку предлози за брак се понудени токму пред Ајфеловата кула не може ни да се изброи. Самата по себе таа носи некоја елеганција и некој нежен тон на романтика која ниту една друга знаменитост не може да го долови.

Поставена на плоштадот во Париз и таа навечер е „облечена“ во светилки.

Т. Ѓ. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Уличната уметност и шармантните мурали низ улиците на Брисел Сакам да ве прашам нешто. Дали сте љубители на улична уметност?  Сакам д...
Морничави замоци низ Европа кои се верува дека се „опседнати“ (и можете да ги посетите) Натприродни појави, сенки, морничави гласови – ова се само дел од работите што н...
Безброј светилки, многу тезги со храна и подароци: Брисел е волшебен во празничната сезона И оваа година, божиќниот маркет во Брисел е сместен во самото срце на градот, и ...
7 причини зошто уште веднаш да се спакувате и да го посетите Лисабон Ќе се вратите низ времето со ретро трамвајот број 28, но и ќе ги вкусите најдобр...
Српска блогерка споделува: Колку пари се потребни за посета на спомениците низ Истанбул? За посета на Аја Софија ќе ви требаат 25 евра, за Токапи палатата 45... Колку па...
Предлози за викенд во Солун: Музеј на селфи, лизгалиште и забавен парк за целото семејство Топло време, чист воздух, новогодишно декориран: Солун во предновогодишна атмосф...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg