Популарни туристички атракции што ги изгубивме во последниве 5 години
Националниот парк Joshua Tree, Калифорнија, САД
Националниот парк Joshua Tree е прекрасно место со уникатен екосистем и надреален пејзаж. Во јануари 2019-та, за време на 35-дневното затворање на владата, паркот ѝ остана отворен на јавноста.
Бидејќи обезбедувањето беше многу послабо, паркот претрпе голема штета од посетителите - луѓето ги сечеа младите дрва, палеа пожари и цртаа графити.
Еден поранешен менаџер на паркот изјави дека ќе бидат потребни 200-300 години за паркот да се оправи од штетата направена за само неколку недели.
Малата сирена, Копенхаген, Данска
Оваа скулптура е направена во 1909-та од Едвард Ериксен. Но, веќе неколкупати ја „изгубивме“.
Дури два пати сирената ја изгуби нејзината глава, а еднаш беа отстранети нејзините раце. Покрај тоа, безброј пати скулптурата е полевана со боја.
Луѓето ја вандализираат скулптурата бидејќи им е здодевно, поради пијанство или поради политички протести.
Езерото Макензи, Тасманија, Австралија
Во јануари и февруари 2016-та, Тасманија беше погодена од шумски пожар, кој направи штета и врз езерото Макензи.
Пожарот уништи многу растенија, од кои дел нема никогаш да закрепнат.
Дури и денес, неколку години после катастрофата, растенијата едвај растат. Па, тешко е да се каже кога ова место повторно ќе биде живо и зелено.
Карпите Бримам, Англија
Не е тајна дека туризмот е штетен за атракциите. Но фактот дека луѓето можат да уништат 320 милиони години историја за неколку секунди, звучи неверојатно.
Во јуни 2018-та, тинејџери турнаа еден од камењата во Бримам и го скршија.
Чудните камења во Бримам, кои како да ѝ пркосат на гравитацијата, се формирани од ветер и мраз, пред милиони години.
Покрај тоа што го скршиле каменот, децата решиле и да се потпишат во другите камења.
Спирова С. | Црнобело