Популарни туристички атракции што ги изгубивме во последниве 5 години

Пред само неколку месеци, бисерот на готската архитектура, катедралата Нотр Дам, изгоре во пожар.

popularni-turistichki-atrakcii-shto-gi-izgubivme-vo-posledinte-5-godni-01.jpg

Но, ова не е единствената туристичка атракција што ја изгубивме во 21-виот век.

Изминативе неколку години бевме сведоци на уништувањето на неколку значајни места и споменици, без разлика колку се обидувавме да ги зачуваме.

Катедралата Нотр Дам, Париз

Пожарот во Нотр Дам го потресе целиот свет.

Ова ремек-дело од готската архитектура настрада во пожар на 15-ти април 2019-та. Според полициската истрага, пожарот започнал во централниот дел на покривот на катедралата.

Причините за трагедијата сè уште не се утврдени, но некои веруваат дека пожарот е поврзан со реставрацијата на катедралата.

Нотр Дам цели 8 века беше религиски, културен и образовен центар и за Франција, и за целиот свет. Ова здание служеше како инспирација за многу артисти и писатели и преживеа неколку војни и религиски и политички конфликти.

popularni-turistichki-atrakcii-shto-gi-izgubivme-vo-posledinte-5-godni-02.jpg

Плажата Легзира, Мароко

Двете природни куполи на плажата Легзира беа како симбол за Мароко. Но во 2016-та година едната од нив се сруши.

Купот камења и карпи е сè што останало од природното чудо, кое илјадници години го привлекуваше вниманието на туристите.

Некои граѓани веруваат дека власта е виновна за рушењето на куполата. Наводно, неколку месеци пред трагедијата, луѓето почнале да забележуваат пукнатини. Од ова било јасно дека куполата ќе се сруши, но локалните жители веруваат дека власта можела да ја зајакне куполата.

popularni-turistichki-atrakcii-shto-gi-izgubivme-vo-posledinte-5-godni-03.jpg

Храмот Баал, Палмира, Сирија

Главниот храм на Палмира беше уништен во 2015-та година. Ова е една од главните религиски зданија кое е изградено уште во 1-виот век.

Сè што е останато денес се пар столбови сред урнатините.

Многу локации во Палмира се заштитени од УНЕСКО. Градот имаше над 1.000 столбови, римски аквадукти и некропола со над 500 гробници.

За жал, повеќето богатства и пронајдоци од древниот град настрадаа за време на конфликтот во Сирија.

popularni-turistichki-atrakcii-shto-gi-izgubivme-vo-posledinte-5-godni-04.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Што можете да правите во Фиренца оваа есен? Видете го најпознатиот мост во Италија, восхитувајте се на уникатната готска кат...
12 причини зошто Данска е совршена земја за живот Скандинавските земји пленат со својата архитектура, начинот на живот, храната ко...
Работи што се норма во земјите ширум светот, но се „културен шок“ за странците „За Италијанците, доцнењето е нормално и никогаш не го гледаат како неучтивост“....
Фото-прошетка низ Котор - црногорски град во кој посетителите секогаш се враќаат Црногорски град на прекрасното јадранско крајбрежје, Котор е местото кое не смее...
10 причини зошто оваа пролет да одите во Барселона Архитектурата, зелените паркови, но и превкусната храна се мал дел од причините ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg