Скриен рај во Италија – термални извори кои сите сакаме да ги посетиме (фото)
Недалеку од селото Сатурња во Тоскана, се наоѓа скриен природен рај – бања со термални извори кои секој би посакал да ги посети.
Станува збор за Terme di Saturnia, природна термална бања која се состои од неколку извори кои течат во вид на водопад.
Според легенда, бањите кои имаат степенаст облик, ги формирал Јупитер фрлајќи огнена стрела на Сатурн. Со обѕир на тоа што го промашил, молњите креирале отвори кои денес ги оформуваат овие термални бањи.
Покрај совршената сина боја, термалната вода освојува и со тоа што е лековита, а температурата на истата е околу 37˚С, па на многумина им е омилена дестинација за одмор.
Влезот е бесплатен, бањата изгледа како да е дел од рај среде зеленило и никого не остава рамнодушен.
Бесконечно скалесто синило помеѓу зелена природа – нешто што мора да се најде на вашата листа:
https://www.instagram.com/p/B2kOrGjHnkI/
https://www.instagram.com/p/B2ju1VynQlG/