Неверојатниот подвиг на еден Jутубер: Пат до 7-те светски чуда за 7 дена
Сајмон Вилсон е Јутубер кој ги посетил 7-те светски чуда. Но она што ја прави неговата приказна интересна е фактот што го направил ова за 7 дена.
„Секогаш сакав да ги видам 7-те светски чуда. Си помислив, има 7 светски чуда, што ако можам да посетувам по едно на ден, во рок од 7 дена“, изјавил Сајмон.
Сајмон ја започнал неговата YouTube кариера пред 2 години, а денес има над 400.000 претплатници.
Според него, целта на неговиот канал е да прави забавни нешта, но најмногу сакал да ја пренесе пораката дека можете да направите сè, кога навистина ќе го сакате тоа.
Во почетните денови на неговиот канал, Сајмон објавувал видеа од неговите обиди да влезе на важни настани, како доделувањето на Еми наградите.
Мотивот за освојувањето на 7-те светски чуда бил истиот. Сепак, не бил сигурен дека ќе успее кога прв пат ги разгледувал авионските летови.
„После многу барање, најдов план за летање, кој иако многу натрупан, сепак работеше. Очигледно, честото патување доаѓа со многу одложувања и откажувања, проблеми во сообраќајот или што и да е. Ги закажав сите летови и си реков дека сега работите се надвор од мои раце. Само ќе тргнам и ќе видам до каде ќе сигнам.“
Целото патување го чинело 7.500 долари.
Сајмон помислил дека ако уште на почетокот се соочи со доцнење, целиот план ќе му пропадне во вода. Доколку испуштел еден лет, тоа значело дека ќе го испушти и наредниот.
За среќа, нештата оделе по план и Сајмон го документирал целото патување во серија од неколку видеа.
Првата дестинација му била Рим. Полетал од Манчестер, Англија и кога стигнал во Рим, веднаш фатил такси за да го види Колосеумот.
Во Рим имал 2 часа за шетање, пред да мора да се врати на аеродромот.
Оттаму се упатил кон Каиро за да ги види египетските пирамиди. Кога стигнал, отишол во хотел во близина на пирамидите за да преноќи. Следното утро имал тура со водич низ пирамидите.