Ресорт во Норвешка со стаклени кабини од кои нема да сакате да излезете (фото)
Многумина што го посетиле островот Маншаузен кажуваат дека е како посебен свет. Островот се наоѓа на архипелагот Стејген, а поради морето и планинскиот ланец на Лофотен што го опкружуваат, островот станал совршено место за одморалиштето Manshausen.
Овoј ресорт го сочинуваат стаклени кабини, кои се сместени веднаш над морето.
Ресортот е изграден во 2015-та година и е дело на архитектот Сноре Стиенсен. Пред градењето, архитектот обрнал особено внимание на тоа кабините да немаат речиси никакви влијание врз околината, па направени се со дрвена конструкција.
Стаклата овозможуваат панорамски поглед, но и приватност, па престојот во овие кабини е посебно доживување.
Поради местоположбата, ова место е совршено за многу авантуристички спортови, како планинарење, кајакарство, нуркање, велосипедизам…
Ресортот е отворен во текот на целата година и можете да го посетите кога сакате.
Секоја кабина има две одделни спални и специјално дизајнирани тоалети и кујни.
Кој би посакал да ги напушти овие кабини?
https://www.instagram.com/p/B2o3MDIIC9E/