Брендирана облека, книги: Обични предмети со кои може да имате проблем на граница

Во Бразил и Мексико можат да ви конфискуваат нараквици, медалјони и брошови. Ова не важи за сите модни додатоци, туку за оние направени од школка од желка, пердуви или слонова коска.

Знаеме дека сите држави си имаат правило за изнесување лекови. Никако не обидувајте се да изнесувате традиционални лекови од Кина, во вредност поголема од 38 евра. Во спротивно, цариниците можат да помислат дека ќе ги продавате.

Од Индија најдобро е да не изнесувате локални монети. Забрането е да ја преминете границата со рупии, па треба или да ги потрошите, или да ги замените.

brendirana-ovleka-knigi-obichni-predmeti-so-koi-ponekogash-ne-smeete-da-preminete-granica-05.jpg

Во Австралија, сувенирите направени од кенгурска кожа или крзно можат да бидат само за лична употреба. Туристите не смеат да ги продаваат или заменуваат надвор од државата.

Предмети забранети за внесување во државата:

Во Сингапур се забранети гумите за џвакање и можете да ги купите само од аптека, со рецепт.

Во Израел не смеете да внесете ништо што може да се поврзе со коцкање. Па наместо карти, подобро со вас носете шах.

brendirana-ovleka-knigi-obichni-predmeti-so-koi-ponekogash-ne-smeete-da-preminete-granica-07.jpg

Доколку одите во САД, најдобро е со вас да не носите чоколадо што содржи алкохол, бидејќи ќе ви го земат.

Во Северна Кореја нема да ви дозволат да ја преминете границата доколку носите уреди за навигација и комуникација, без дозвола. За да ја преминете границата, ќе треба да го регистрирате и вашиот мобилен телефон.

brendirana-ovleka-knigi-obichni-predmeti-so-koi-ponekogash-ne-smeete-da-preminete-granica-08.jpg

Обединетите Арапски Емирати се познати по строгите правила. На пример, не смеете да влезете овде со предмети на кои стои ознаката Made in Israel.

Во Норвешка можете да внесете само ограничен број батерии. Бидејќи не постои комплетна листа со забранети предмети, најдобро е да се консултирате со царината пред да одите.

Некои држави не ги сакаат игрите на среќа. На пример, на Филипините е забрането да ја поминете границата со лотариски лист.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

„Живеев во Дубаи и го мразам – сите, освен богатите мажи, се третирани како предмети“ „Гледав мажи кои шетаат со три по сопруги кои изгледаа мизерно. Ме бомбардираа с...
Топ 10 плажи во Италија за оние кои сакаат филмски одмор Плажа помеѓу карпи, во шармантни италијански градови или под брдести селца со гр...
Уличната уметност и шармантните мурали низ улиците на Брисел Сакам да ве прашам нешто. Дали сте љубители на улична уметност?  Сакам д...
Европски пролетни дестинации со евтини летови од Скопје Брисел, Франкфурт, Милано... Каде сакате да одите оваа пролет? Брисел, Франкф...
Што можете да правите во Фиренца оваа есен? Видете го најпознатиот мост во Италија, восхитувајте се на уникатната готска кат...
Најпознатите (и најзначајните) градби ширум светот Пирамидите во Египет се како симбол на древен Египет кој ја покажува моќта, но и...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg