Брендирана облека, книги: Обични предмети со кои може да имате проблем на граница
Некои држави, како Египет, забрануваат да изнесувате школки и камчиња кога ги напуштате. Овие и сличните правила постојат со цел да се заштитат туристичките атракции од туристите.
Сепак, понекогаш можете да си направите проблем и со најобични предмети, бидејќи некои држави имаат чудни правила за извоз и увоз.
Погледнете кои се предметите што не смеете да ги внесувате или изнесувате од некои држави:
Предмети забранети за изнесување од државата:
Патувањето е одлична можност за шопинг, но доколку сте во Италија или Франција, бидете внимателни со етикетите.
Овие држави се загрижени за нивната репутација, па забрането е извезувањето на лажни брендирани предмети и облека.
Доколку купувате нешто брендирано, најдобро е да побарате документација што потврдува дека робата е оригинална.
Во Италија, можете да си добиете казна од дури 7.000 евра за ова.
Доколку се обидете да изнесете паричник или колан од Бразил или Виетнам, повторно можете да си направите проблеми на граница. Причината е што овие предмети неретко се направени од крокодилска или кожа од ној – нешто што е строго забрането.
Предметите од овој материјал можат да се купат само од сертифицирани продавници.
Доколку, на пример, се обидете да изнесете паричник од крокодилска кожа од Бразил, ризикувате да добиете казна затвор од една година.
Во Таџикистан не смеете да изнесувате книги без дозвола. Во Куба, пак, можно е да проверат дали вашите книги имаат печат од библиотека.
Од Италија не смеете да изнесувате книги постари од 50 години, бидејќи се смета дека имаат историска вредност.