Зошто Будимпешта во есен е одлична идеја за патување? (фото)
Шармот на унгарскиот главен град е речиси незаменлив. Будимпешта со полно право е една од најубавите европски дестинации. Единствениот град кој ги опфаќа двата брега на реката Дунав, десниот Будим и левиот Пешта, со најмногу термални извори во светот.
Зградата на Парламентот е посебна приказна. Зафаќа површина од 18.000 km2, со 691 просторија, а за украсување на ентериерот се искористиле 40 kg злато.
Покрај Парламентот, задолжителни на списокот за посета се и Замокот Буда или Кралската палата, Унгарската национална галерија, Музејот на Будимпешта како и Музејот на Худини, црквата Свети Стефан, Градскиот парк, готската црква Матијас, лавиринтот Будимпешта, островот Маргарет кој се наоѓа во Дунав помеѓу Будим и Пешта, зоолошката и ботаничката градина, панорамското тркало „Око“ и уште премногу други знаменитости.
Доколку сте љубител на слатките работи, Будимпешта ќе го освои вашето непце со неверојатни благи десерти, бидејќи бројот на слаткарниците е огромен.
Доколку сè уште се двоумите дали да ја посетите Будимпешта на есен, Инста-доказите ќе ве убедат во идејата:
https://www.instagram.com/p/BvEcoSJFa8H/
https://www.instagram.com/p/B2lgjUNgWw-/
https://www.instagram.com/p/B2oFgv9IRrl/