Места во светот каде Млечниот Пат се гледа најдобро

Без разлика каде и да се наоѓаме, она што на секое човечко битие му претставува посебно задоволство е моментот кога со сопствените очи ќе го види Млечниот Пат. Иако навидум не изгледа проблематично, но урбаните средини не можат да го овозможат ова искуство.

mesta vo svetot kade mlecniot pat se gleda najdobro 6

Светлинското загадување е препрека, па затоа мора да одиме надвор од населено место и да уживаме во призорот на универзумот.

Само шатор и добро друштво, сè останато е неважно.

Во продолжение следува листа на места каде Млечниот Пат може да се види и доживее на вистински начин:

Galloway Forest Park е првиот парк во Велика Британија каде со голо око можат да се видат над 7 000 ѕвезди и планети, а Млечниот Пат е лесно воочлив како се протега низ небото.

mesta vo svetot kade mlecniot pat se gleda najdobro 4

На 70 километри од Берлин се наоѓа Naturpark Westhavelland, едно од најтемните места во Средба Европа, а од 2014 година International Dark Sky Association (IDA) го вбројува во списокот на „ѕвезден парк“.

mesta vo svetot kade mlecniot pat se gleda najdobro 1

Пустината Намиб e совршено рамна и овозможува поглед од 360 степени на небото. Сместено далеку од секакво човечко население, пустината нема светлосно загадување и се вбројува во едно од најтемните места во светот и место од каде ѕвездите се гледаат најубаво.

mesta vo svetot kade mlecniot pat se gleda najdobro 3

Најжешка, најсува, најниска - Death Valley National Park или позната како „земја на екстремности“. Додека преку ден уживаш во разните активности, навечер постелај некакво ќебе и допри до универзумот со сопствените очи.

mesta vo svetot kade mlecniot pat se gleda najdobro 2

Автор: Е. Х. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Најпознатите (и најзначајните) градби ширум светот Пирамидите во Египет се како симбол на древен Египет кој ја покажува моќта, но и...
Ненеци, народ кој живее „на работ на светот“: Јадат месо од ирваси, преживуваат и на -50°C Секое семејство има по еден ирвас „домашен миленик“. А ирвасите им нудат на Нене...
Места во Македонија кои ми недостигаат: Селото во кое израснав, манастирот кој ми носи мир Кога подолго време не живееш во родната земја често ќе се најдеш во ситуацијата ...
Фотки поради кои ќе посакате веднаш да отпатувате во Швајцарија Зеленило, планини и селца кои изгледаат како од некоја бајка – Швајцарија дефини...
Коктел 15 евра, грчка салата 10 евра: Како се движат цените на Tigania, една од најубавите плажи на ... Плажата позната како „грчки Кариби“ е меѓу најскапите на вториот крак, а храна и...
Што можете да правите во Фиренца оваа есен? Видете го најпознатиот мост во Италија, восхитувајте се на уникатната готска кат...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg