10-те најскапи острови во светот
Островите Кајонетас: 100 милиони
Во оваа цена се вклучени три острови во Панама, а еден од нив би чинел околу 33,3 милиони.
Островите се на само половина час од Панама Сити и на нив има над 50 плажи полни со желки. Купувачот ќе може да користи само 30% од земјиштето заради заштита на околината.
Островот Ронд: 100 милиони
Некој период ова беше најскапиот остров во светот, а се наоѓа на Карибите. Островот е опкружен со кристално сина вода и има природа недопрена од човекот. Овде има и навистина импресивни пештери полни со сталактити и кварц.
Островот Лисабон: 350 милиони
Повеќе од една деценија, овој португалски остров бил најскапиот во светот. Засега овде нема изградено ништо, но се планира да се изгради луксузен терен за голф и, се разбира, неколку луксузни вили.
Островот Ал Марјан: 450 милиони
Овој вештачки направен остров е дел од емиратот Рас Ал Каима. Островот има три хотели со пет ѕвезди, што дополнително ја зголемуваат неговата цена. Овде има и пристаниште кое собира 200 бродови.
Приватниот остров Банва: 100.000 долари за ноќевање
Овој мај, островот Банва му даде нова дефиниција на луксузот. На островот има и приватно одморалиште каде што можете да преноќите за 100.000 долари од ноќ.
Банва се наоѓа на архипелагот Палавани и можете да стигнете до него со 2-часовен лет од Манила. Одморалиштето нуди игралишта за тенис и одбојка, игралиште за одбојка на плажа, кајакарство и многу други активности.
Спирова С. | Црнобело