10-те најскапи острови во светот
Изгледа дека купувањето приватен остров е врвот на луксузот бидејќи сепак, само малку луѓе можат да си го дозволат тоа. Иако некои милијардери купуваат остров за на него да си направат мал рај, повеќето го прават тоа за на нив да изградат луксузни одморалишта.
Во продолжение дознајте кои се најскапите приватни острови што сигурно ќе посакате да бидат ваши:
Каје Шапел: 23 милиони
Ова е мал остров на Белизе кој неколку години бил на пазарот. Островот бил продаден во 2011-та година за 23 милиони долари.
Денес овој остров му припаѓа на хотелот Four Seasons, а во 2021-ва година, островот ќе стане луксузна дестинација со неколку вили.
Исла де са Ферадура: 39,7 милиони
Овој остров е во близина на Ибица, па можете да уживате во тамошните забави, а потоа да се вратите на него. На островот има вила што можете да ја изнајмите за околу 300.000 долари неделно.
Вилата има 5 спални соби, сауна, џакузи, салон за убавина, затоплен базен и спортски центар.
Северен егејски Остров: 38 милиони
Во 2012-та година, овој грчки остров се нашол на пазарот по цена од 45 милиони. Во 2016-та година неговата цена се спуштила на 38 милиони.
Островот е во близина на Атина и е совршено место за оние кои сакаат да ги избегнат гужвите во Грција, но сепак сакаат да ја посетат државата.
Островот Џејмс: 75 милиони
За оваа цена, покрај островот добивате и голема вила, 6 колиби, аеродром и терен за голф.
Сепак, приказната на островот е малку мрачна – во 1900-тите, локалните жители на островот биле отстранети, а денес некои од нив се обидуваат да си го вратат своето земјиште.
Литл Пајп Кеј: 85 милиони
Овој приватен остров им припаѓа на Бахамите и се наоѓа на пазарот од минатата година. Претходно, островот му припаѓал на милијардерот Мајкл Дингман, кој почина во 2017-та.
На островот има 5 вили со неверојатен поглед кон океанот.