Не нарачувајте „лате“ ако сакате кафе: Работи кои не треба да ги правите во Италија
Претерано планирање
Доколку одите во Италија, заборавате на строгиот распоред. Секој што ја посетил државата ќе ви каже дека најубавите моменти од патувањето биле непланирани.
Преголем багаж
Не ви се потребни многу предмети за да имате незаборавни искуство. Одберете само неколку парчиња облека и поминете си прекрасно.
Верување на уредите за навигација
Можеби уредите за навигација се од голема помош, но ова не важи за Италија. Во оваа држава неретко постојат по неколку села и градови со истото име.
Невнимателност
Рим и Фиренца се местата каде што се случиле најмногу ограбувања на туристи. Па, бидете внимателни со вашите лични предмети.
Очекување обилен појадок
Во Италија појадокот не е обилен оброк. Всушност, повеќето Италијанци само пијат кафе и јадат само колаче или кроасан на почетокот од денот.
Спирова С. | Црнобело